Атина за 1-ви Мај

од115

Атина за 1-ви Мај

Departure Date

08 Dec - 11 Dec

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

488

Промо цена на аранжманот: 115 евра (7.130 денари)

Редовна цена на аранжманот: 149 евра (9.240 денари)

Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.

Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи.

Атина може да биде град во кој ќе научите и видите многу историски, но и убави места, со еден збор претставува приказна која трае !

Уште една 8-мо мартовска авантура, исполнета со приказни за раскажување!

 

1 ден

ПРВ ДЕН 30.04.2024

Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2 ден

ВТОР ДЕН 01.05.2024

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
3 ден

ТРЕТ ДЕН 02.05.2024

Атина-Корнит-Пелопонез Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
4 ден

ЧЕТВРИ ДЕН 03.05.2024

Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Слични понуди