КРАКОВ 2НП

од159

КРАКОВ 2НП

Departure Date

02 May - 06 May

Duration

5 дена 2 ноќевања

Views

395

Промо цена на аранжманот 159 евра по лице

Редовна цена 189 евра по лице

FIRST MINUTE ЗА УПЛАТИ ДО 29.02.2024 – 149 ЕВРА 

Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков. 

1 ден

четврток (02.05.2024) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч.Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

петок (03.05.2024) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

сабота (04.05.2024) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден

недела (05.05.2024) КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден

понеделник(06.05.2024) СКОПЈЕ

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

–          Превоз на наведената релација

–          2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков

–          Организација и придружник на патувањето

–          Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

–          Разглед на Краков со локален водич – 15 евра

–          Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau – 40 евра

–          Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka – 35 евра

–          Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање

–          Патничко осигурување – 5 евра

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето.  За ова патување валидни се само пасошите на кои пишува “Република Северна Македонија”.

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А Атлантик.

Слични понуди