Магичната Тоскана за Велигден

од189

Магичната Тоскана за Велигден

Departure Date

01 May - 06 May

Duration

6 дена 3 ноќевања

Views

599

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 евра по лице со задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 120евра (редовна цена 130евра), се плаќаат во автобус

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 239 евра

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.

Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…

1 ден

01.05.2024 (среда) Скопје – Италија

Состанок на групата околу 11:00ч. на паркингот кај хотел Континентал. Поаѓање за Италија, околу 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
2 ден

02.05.2024 (четврток) Болоња – Монтекатини

Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.
3 ден

03.05.2024 (петок) Монтекатини- Cinque Terre-Пиза-Монтекатини

Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа во вечерните часови се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
4 ден

04.05.2024 (сабота) Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.
5 ден

05.05.2024 (недела) Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.
6 ден

06.05.2024 (понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .
  • 3 ноќевања во Grand Hotel Nizza 4*со појадок во Монтекатини, ЛИНК ОД ХОТЕЛОТ http://www.grandhotelnizza.it/
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Посета на Болоња
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна река (Сирково), Велес
  • Организација со професионален туристички придружник на патувањето
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна посета на Пиза – 50€
  • Посета на Фиренца – 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице)
  • Патничко здравствено осигурување 300ден
  • Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • ПОЈАДОК:Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. TA ATLANTIK ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • TA ATLANTIK не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција TA ATLANTIK од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. ATLANTIK.

Слични понуди