EMILIA ROMAGNA 3НП

Departure Date

01 May - 06 May

Duration

6 дена 3 ноќевања

Views

496

Емилија – Ромања: најбогата меѓу 20-те Италијански регии и една од најразвиените во Европа, спој на две покраини , Емилија и Ромања, во долината на најголемата Италијанска река По. Искористете ја можноста да ги посетите најубавите центри на регионот… Болоња, Ферара, Римини, Сан Марино, Равена, Парма и Модена и да ја уживате во убедливо најдобрите кулинарски специјалитети во Италија…

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  30.03.2024 : 189€ / 11.720 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  209 € / 12.960 ден

1 ден

01.05.2024 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 10 30 ч. Поаѓање во 11:00 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

02.05.2024 ФЕРАРА- РИМИНИ

Во утринските часови пристигнување во Ферара, еден од најголемите центри на уметноста во Италија во 16-отвек.Прошетка во стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби а со својата убавина посебно се истакнува дворецот на властелинското семејството Д’Есте. Слободно време за испивање на утринското кафе... продолжуваме кон Римини. Oчекувано пристигнување во Римини во пладневните часови, започнуваме со прошетка низ стариот дел на градот ( факултативно) ... катедралата Tempio Malatestiano, изградена во 11-иот век, триумфалната капија, мостот на Тиберие... Сместување во хотел . По сместувањето, слободно време за одмор и индивидуални прошетки... Ноќевање.
3 ден

03.05.2024 САН МАРИНО - РАВЕНА

Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до Равена и Сан Марино. Во рамката на своите древни зидини, Равена ги чува богатите мозаички наследства, од кои повеќето датираат од 5-ти и 6-ти век... од тие причини ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признаени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО . По пристигнувањето во Равена ќе го посетиме гробот на Данте Алигиери, творецот на модерниот италијански јазик и автор на Боженствената комедија... ќе ја слушнеме и приказната за највлијателниот италијански поет на сите времиња, прошетка до базиликата Сан Витале... Кафе пауза... Продолжуваме накај Сан Марино, по пристигнувањето прошетка до базиликата Сан Марина и Народната палата... слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови враќање во Римини. Ноќевање
4 ден

04.05.2024 ПАРМА - МОДЕНА

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до Парма и Модена. Парма е втор град по големина во регијата и е позната по производство на пармезан и шунка... Прошетка низ центарот на градот, плоштадот Гарибалди, романичката катедрала и крстилницата од 11 век... слободно време заиндивидуалниактивности и прошетки. Продолжуваме кон Модена, родниот градна светскимпознатиот тенор ЛучианоПавароти, нои како “престолнина на машини “, заради фабриките на најпознатите италијанскимпроизводители на автомобили како Ферари, Масерати, Пагани и Де Томасо. Прошетката започнува со стариот дел на градот и D’uomo-то , една од најубавите романички катедрали во Италија, кулата Ghirlandina, симболот на ривалството помеѓу Болоња и и Модена. Слободно време заиндивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.
5 ден

05.05.2024 РИМИНИ – БОЛОЊА- СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Задолжителна целодневна посета на Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и врвна Болоњска кујна. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време, состанок на групата и поаѓање накај македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден

06.05.2024 СКОПЈЕ

Очекувано Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Римини , хотел 3*, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Попатна посета на Ферара
  • Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  • Прошетка во историскиот центар на Римини (10€)
  • Целодневна екскурзија Равена и Сан Марино (40€)
  • Екскурзија Модена и Парма(50€)
  • Задолжителна посета на Болоња (30€)
  • Туристичка такса во Римини (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплатаза празно седиште 150€
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Слични понуди