ТОСКАНА

од549

ТОСКАНА

Departure Date

14 Jun - 14 Jun

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

1344

Цена за уплата до 20 Март : 549 € / 34.040 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 € / 37.140 ден

1 ден

14 април (петок) СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18.50 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 21.00 часот. Слетување во Болоња во 22.45 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

15 април (сабота) ФИРЕНЦА

Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век: Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело... Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири... Посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди. Денес Уфици е меѓу најпосетените ликовни музеи во светот. Слободно време за посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Ноќевање.
3 ден

16 април (недела) ФИРЕНЦА – САН ЏИМИЊАНО – ВИНАРИЈА "San Donato"- СИЕНА - ФИРЕНЦА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. По пристигнувањето во “градот на прекрасните кули”, мало утврдено средновековно гратче на ридот, познато по својата архитектура, а особено по кулите кои се гледаат од километри. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Слободно време за уживање во погледот од средновековните гратски ѕидини или кафе пауза, а потоа патувањето продолжува кон Сиена. Главна карактеристика на Сиена е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
4 ден

17 април (понеделник) ФИРЕНЦА – ПИЗА –ЛУКА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативен излет до Пиза и Лука. Пристигнување во Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Патувањето продолжува кон Лука, родниот град на композиторот Џакомо Пучини, прошетка по шарените улици и разглед на градот познат по своето недопрено историско јадро од ренесансата: Плоштадот Наполеоне, Амфитеатарот, катедралата Свети Мартин... Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 22.40 часот. Пристинување во 00.25 часот.

Повеќе

Tour Name Price Per Adult Price Per Child Available Seats Departure Date Duration
ТОСКАНА 549 0 0 14 Jun ~ 14 Jun 4 дена 3 ноќевања

Booking Information

Name Price ( Adults/Children ) Persons ( Adults/Children ) Quantity Total

SUMMARY

Subtotal 0
Total 0

Customer Information

*
First Name is required.
*
Last Name is required.
*
Number Phone is required.
*
Address is required.
Thank You. Your booking have received and booking number is