ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179€ / 11.100 ден.
Венеција-Милано-Сирмионе-Верона-Трст
Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.
1 ден
13.04 (четврток)
Состанок на групата на Дрводекор околу 14:00 часот. Поаѓање околу 14:30 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден
14.04 (петок)
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден
15.04 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон најбајковитото место подигнато на обалата на езерото Гарда – Сирмионе. Сирмионе е град изграден на спектакуларна локација – на ртот на единственото полуостров езеро, Гарда. До сликовитиот град се доаѓа преку единствената тврдина на пристаниште, изградена по нарачка на семејството Скала. Следува разглед: Замокот Скалиџери, плоштадите Кастело и Порто Валентино, Катуловите термални купатила, вилата на Марија Калас. Овој монденски град е оаза на убавината и мирот, затоа не пропуштајте да уживате во погледот на најголемото езеро во Италија со врвен џелато (сладолед) и чаша одлично вино од локалните виногради. Слободно време за прошетка (во зависност од можностите).
Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

4 ден
16.04 (недела)
По појадокот посета на градот на модата Милано. Разглед на градот со водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle, најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle, каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во договорено време заминување кон хотелот. Ноќевање.

5 ден
17.04 (понеделник)
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови на 18.04 (вторник)

- Сместување во хотел 3* во областа Лидо ди Јесоло или областа Венето на база три ноќевања со појадок
- Автобуски превоз (високо туристички автобус со аудио и видео опрема, клима, греење, просечна удобност) на горенаведените релации
- Разгледите според програмата
- Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
- Услуги од туристички професионален водич – пратител
- Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
- Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 5 евра
- Трансфер во двата правци: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река) – 15евра, Велес – 10 евра
- Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
- Индивидуални трошоци
- Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30€
- Факултативна посета на Верона и разглед на Сирмионе со водич (40€)
- Факултативна посета на Милано со водич (40€)
- ПАКЕТ со сите излети во вредност од 110 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 100 евра (плаќање во автобус)