БАЛТИЧКА ТУРА ТАЛИН, РИГА, ВИЛНУС

од890

БАЛТИЧКА ТУРА ТАЛИН, РИГА, ВИЛНУС

Departure Date

16 Apr - 22 Apr

Duration

7 дена, 6 ноќевања

Views

153

Цена на аранжманот по лице   990 ЕУР (61.380 ден)

ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 29.02.2024  890 ЕУР (55.180 ден)

Полетување од Скопје со авио копанија  AIR BALTIC

Естонија, Латвија, Литванија 03-10.05.2024

Авион  / 7 дена / 6 ноќевања

Авион Скопје-Рига-Талин и  Вилнус Рига Скопје  / Автобуски превоз  Талин- Рига – Вилнус   

Ред на летање

BT 476 03MAY SKPRIX 0245 0625  

BT 311 03MAY RIXTLL  0735 0825  

BT 348 09MAY VNORIX 2140 2230  

BT 475 10MAY RIXSKP   0015 0201      

Како поинаку да се нарече ова патување, освен незаборавно. Навистина e така. Толку малку знаеме за малите балтички држави кои беа дел од СССР, а денес се држави со  стабилна економија, богата историја и неверојатно културно наследство. Главните градови  зрачат  со посебна убавина која го привлекува погледот далеку кон хоризонтот и невообичаено светло небо… Иако се наоѓаат на северот на Европа, овие земји имаат добра и стабилна клима! Ако мислевте дека ќе замрзнете, сте се излажале, бидејќи корисните топли струи на Балтичкото Море му даваат специфични микроклиматски услови на овој дел од Европа.                                    

ТАЛИН, главниот град на Естонија, идеална туристичка дестинација, особено ако сакате да доживеете комбинација на современиот, модерен свет, колоритен ноќен живот, богата културна сцена, но и историски споменици, од големо значење за естонската култура и традиција. Со своите половина милион жители, тешко може да се каже дека Талин е светска метропола, сепак, овој град има свој препознатлив шарм, кој едноставно не мами. Се е блиску, а нема метеж, па низ градот можете без проблем да се шетате. 

РИГА главен град на Латвија, а во исто време културен, образовен, финансиски центар на целиот Балтик. Се појави на устието на реката Двина во Балтичкото Море. Стариот град е под заштита на УНЕСКО бидејќи ја има најголемата колекција на градби во Арт Нову во Европа. Прошетка низ калдрманите и тесни улички на центарот со посета на некој од локалните пабови ќе не врати во некои дамнешни времиња

ВИЛНУС Литванија, главен град на месото, кошарката и килибарот, град за кој многу географи велат дека е во физичкиот центар на Европа. Го има еден од најголемите стари градови кој е под заштита на УНЕСКО, поради што често ги носи епитетите на малиот Рим, северна Атина или северен Ерусалим… Стариот град се уште е опкружен со антички ѕидини со порти, а во централниот дел се катедралата и градското собрание. Посебно интересно е искуството на комплексот верски храмови (католички, православни и протестантски цркви, синагоги), како одраз на бурното минато.

1 ден

03.05.2024 Скопје Рига Талин

Состанок на групата на аеродорм Скопје 00.30 ч. Полетување во 02.45 ч. за Рига – директен лет. и потоа лет зас Талин. Во 08:25 пристигнување во Талин, главниот град на Естонија. Трансфер до хотел. Го оставаме багажот во просторијата за багаж. Потоа пешачки разглед со локален водич на средновековниот Талин (2 часа.), ќе го почувствувате духот на 14 и 15 век кој преживеал недопрен во лавиринтот од средновековни ѕидови, кули и цркви и улички. Обиколката ги вклучува главните историски и архитектонски споменици како палатата и замокот Томпеа, плоштадот на градското собрание, Рускиот Православен храм Александар Невски и куполната црква во Талин. Сместување во хотел после 14 часот. Слободно време за прошетка во Талин. За разлика од повеќето европски градови, кои имаат стари градби измешани со модерните, во Талин стариот град е целосно зачуван. Зад себе го оставате раздвижениот модерен живот кога се движите низ калдрма и темни улички освтетлени со фенер. Стариот град приредува нови изненадувања околу секој агол, дури и за неговите жители. Можност за посета палатата Кадриорг, која ја основал рускиот цар Петар. Посетете го Националниот музеј на уметноста и прошетајте низ прекрасниот парк. Ноќевање.
2 ден

04.05.2024 Талин

Појадок . Слободно време во Талин – може да се прошетате по Каламаја, таканаречената за хипстерска област на Талин, најпозната по своите шарени дрвени куќи, боемски шарм и индустриско наследство. Каламаја низ вековите служел како главно риболовно пристаниште во градот уште од од средниот век. Неговото име на естонски значи дури и „рибна куќа“. Рибари и гемиџии живеат тука од 14 век. Дел од старата индустриска инфраструктура на Каламаја е зачувана и функционира и денес. Новите кафулиња, барови и галерии ги трансформираа некогашните индустриски комплекси на оваа историска област со дрвени куќи. Можете да продолжите кон Balti Jaama пазарот, одлична прилика да ги видите локалните продукти и сувенири. Ноќевање.
3 ден

05.05.2024 Талин – замок Тураида – Рига

Појадок. Поаѓање за Рига со автобус , главниот град на Латвија. Попатна посета на Националниот парк Гауја, градот Сигулда (250 км од Талин), кој често се нарекува Латвиска Швајцарија. Во националниот парк е и долината на реката Гауја која заедно со нејзините притоки формира особено оригинален пејзаж. Територијата опфаќа повеќе од 500 споменици на археологија, архитектура и историја почнувајќи од 11 век. Уживајте во прекрасните глетки на долината на реката Гауја, посетете го замокот Тураида од 13 век, (локален водич) сега со мал историски музеј, опуштете се шетајќи во соседниот парк на скулптури, со дела на латвиски скулптори. Подоцна застанете кај неверојатна природна глетка - пештерата Гутман. Вечерно пристигнување во Рига. Рига има стотици начини за привлекување посетители - нејзината богата историја, архитектура, пространи градини и паркови, музеи, уметнички галерии и опера од светска класа како и секојдневни задоволства како прошетка во огромниот шарен централен пазар или одење во пријатно кафуле, клуб или паб. Ноќевање .
4 ден

06.05.2024 Рига – Јурмала-Рига

Појадок . Пешачка обиколка на градот Рига со локален водич . Во Стара Рига ќе ја видиме Катедралата, црквата Свети Петар, старите еснафски куќи, Шведската порта, архитектонскиот ансамбл Тројца браќа, црквата Свети Јаков, Парламентот, Стариот замок и многуте прекрасно обновени згради, каде сега се сместени ресторани, кафулиња, барови и продавници за сувенири. Попладнето посета на Јурмала (25 км од Рига) со автобус и локален водич– најголемото крајбрежно и спа одморалиште во балтичките држави. Градот е познат по своите уникатни природни ресурси како што се лековитите минерални води, лековитата кал, боровите шуми и песочни дини. Архитектурата на градот е претставена со многу стилови, вклучувајќи уникатна дрвена архитектура (крајот на 19-от почеток на 20 век), класицизмот, Арт Нову и национален романтизам. Трансфер назад до хотел во Рига .Ноќевање.
5 ден

07.05.2024 Рига – Палата Рундал – Рид на крстови – Вилнус

Појадок. Поаѓање за Вилнус, главниот град на Литванија. Посета на палатата Рундал (66 км од Рига) со вклучена влезница без посета на градините, оваа палата (18 век.) е најистакнатиот споменик на барокот и рококо уметноста во Латвија и е пример за раната работа на италијанско-рускиот архитект Растрели кој ја дизајнирал и познатата Зимска палата во Санкт Петербург. Ќе битете импресионирани од автентичната убавина Златната сала, Белата сала, приватните одаи на војводата од Курланд Јохан Ернст Бирон. Ентериерите се уредени со автентичен мебел од 18 век, слики и порцелан. Ручек - попатно Попатна посета на познатиот рид на крстови во близина на Сиаулиаи (30 км од Рундал Палатата). Ридот на крстовите, уникатно историско место во светот. ВЕројатно најпознатото место за изработка на крстови , гранка на Литванската народна уметност, која е впишана во УНЕСКО како нематеријално човечко наследство. На овој рид неконтинуирано се поставени повеќе од 100 000 крстови како израз на благодарност и молитва низ вековите. Тоа е единственото место од ваков вид во светот, вклучено во Гинисовата книга на рекорди поради својата уникатност.Пристигнување во Вилнус. Нокевање.
6 ден

08.05.2024 Вилнус

Појадок. Пешачка тура со локален водич низ градот, каде што можете да ја почувствувате атмосферата на историјата на градот од 16-19 век додека одиме по неговите тесни кривулести улички или посета на највозбудливите архитектонски и историски споменици: Вилнуската Катедрала подигната на историското место каде што се почитувале паганските богови и каде што бил основан Вилнус уште во XIII в., во близина Замокот Гедиминас на ридот што се издига над центарот на градот, скапоцен камен на Литванската готика - 16 век. Црквата Света Ана, Универзитетот во Вилнус, познат центар на науката и просветителството уште од неговото основање во 1579 година, Градското собрание на Вилнус, Еврејскиот кварт и Портата Зора со чудотворна икона на Богородица. Слободно попладне во Вилнус. Многу туристи по посетата на Вилнус и неговиот регион имаат тенденција да се” заљубат во Вилнус”, бирајќи го како нивен омилен балтички град. Стариот град на Вилнус е еден од најголемите во Источна Европа, има повеќе од 1500 згради од разни векови: градот може да се пофали со најубавите архитектонски стилови на Јужна и Западна Европа, готски и Ренесансата, како и оригиналниот „литвански“ барок, наречен и последниот живописен блесок на барокот во Европа. Ноќевање
7 ден

09.05.2024 Вилнус – Тракаи -Скопје

Појадок. Предпладне посета на Тракаи со автобус и локален водич- 4-часовна обиколка до Тракаи, поранешниот главен град на Големото Војводство Литванија, 27 км од западниот дел од Вилнус, е омилено место за излет. Замокот Тракаи се наоѓа на остров во средината на езерото Галве и е најпознатиот и најфотографираниот замок од 15-ти век. Во замокот сега се наоѓа интересен музеј кој ја раскажува историја на истиот, познат во времето на големиот војвода Витаутас кога границите на земјата се протегаа од Балтикот до Црното Море. Уживајте во малиот град – Тракаи, кој се наоѓа на полуостров долг 2 километри со убави стари дрвени куќи, главно изградени од Караити, јудаистичка секта донесена од Војводата Витаутас од Крим и сè уште живее овде. Трансфер назад во Вилнус. Трансфер до аеродром. Полетување во 21.40ч за Рига , потоа дирекетен лет за Скопје . Слетување во Скопје во 02.00ч на 10 мај - рано наутро.

Слични понуди