ШПАНИЈА - ТЕНЕРИФЕ - островот на вечното лето!

од799

ШПАНИЈА - ТЕНЕРИФЕ - островот на вечното лето!

Топ цена: 799 EUR / 49.540 денари

 

1 ден

Софија - Тенерифе

Поаѓање од аеродромот во Софија за Тенерифе. Пристигнување на аеродромот во Тенерифе. Трансфер до хотелот. Вечера. Ноќевање.
2 ден

Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање. По желба посета на Фламенко шоу.
3 ден

Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање. Туристичка програма по желба: екскурзија до националниот парк Теиде“ (со услуга на англиски јазик): Ова е еден од најпосетуваните национални паркови во Шпанија и во светот, познат по невероватните глетки што го одземаат здивот. Во 2007 г. беше вклучен во списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Поаѓање од Пуерто де ла Круз кон Агуамаса. Пауза кај карпестите формации „Маргарита де Пиедра“. Откако ќе стигнеме до националниот парк Теиде, ќе продолжиме кон Белата Планина до 2356 м. надморска висина. Продолжуваме до карпестите формации „Рокес де Гарсија“ и видиковецот во долината Уканка. Слободно време за одмор во локален ресторан со можност да го купите познатиот пчелен мед од костени или палми од реонот на вулканот. Потоа продолжуваме покрај Исања, каде што се наоѓа Центарот за атмосферски истражувања. Ќе стигнеме до панорамските локалитети „Тортата“, „Плоштадот на Злото“, „Фонтаните на Џоко“ и „Ортуњо“, ќе се спуштиме кон Есперанца.
4 ден

Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање.
5 ден

Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање. По желба: Еднодневен билет за посета на „Лоро парк“: „Лоро парк“ е тематски парк, лоциран во одморалиштето Пуерто де ла Круз на површина од 13,5 хектари. Тоа е атракција број еден на Тенерифе и затоа е задолжителна станица за секој посетител на Канарските Острови, вистински рај каде што можат да се видат различни егзотични растителни и животински видови. Првично бил создаден како парк само за папагали, па оттука и неговото име, но подоцна се претвора во најдобриот парк во Европа. Во него ќе можете да уживате во различните претстави кои се организираат - шоу со фоки, делфини и највпечатливото шоу со орки. Во паркот се наоѓа и најголемиот пингвинариум, кој на своите посетители им обезбедува клима од Антарктикот - во текот на денот паѓа снег со вкупна тежина од 12 тони. *Посетата на паркот е индивидуална. Пред хотелот „Catalonia Las Vegas” 4* запира вовче, кое ги носи посетителите бесплатно на секои дваесет минути до влезот на „Лоро Парк“.
6 ден

Санта Круз де Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање. Туристичка програма по желба: полудневна екскурзија до Санта Круз (со услуга на бугарски јазик): Поаѓање за главниот град на островот Санта Круз, чиј центар е формиран од плоштадот "Ла Кандаларија" и плоштадот "Шпанија". Во близина на главниот град е единствената плажа со бел песок на островот -„Лас Тереситас“.
7 ден

Тенерифе

Појадок. Слободно време за плажа или туристичка програма по желба. Вечера. Ноќевање. Туристичка програма по желба: целодневна екскурзија до островот Ла Гомера (со услуга на англиски јазик): Трансфер до кејот на Лос Кристијанос. Патување со фериброд до пристаништето Сан Себастијан - главниот град на островот Гомера, од каде започнува искачувањето до Националниот парк „Гарахонај“ - суптропска шума и биосферен резерват под покровителство на УНЕСКО. Пауза на видиковецот „Деголада Пераза“. Поаѓање преку националниот парк до населбите Лас Росас и Агуло - ручек во локален ресторан со демонстрација на традиционалниот за островот т.н. „начин на зборување со свиркање“. Враќање во Сан Себастијан. Слободно време за посета на Торе дел Конде и куќата на Коломбо.
8 ден

Тенерифе - Софија

Појадок. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија.

ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ

19.03.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €799.00
19.04.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €799.00
24.05.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €799.00
19.07.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €950.00
16.08.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €950.00
30.08.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €849.00
13.09.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

 

има места €799.00
20.09.2024

ПОТВРДЕНА ДАТА

ПРОМОЦИJА

има места €799.00