Вила Shark - Тасос

од169

Вила Shark - Тасос

1/2 Студио
1/2+1/1+1 Апартман

SKALA POTAMIA – GOLDEN BEACH

МОРЕ – ПЛАНИНА – БОРОВА ШУМА 

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
ВилаШАРК лоцирана во Скала Потамиа  на оддалеченост околу 30 метри од плажата Голден бич.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни ….

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕ WI – FI   ( БЕСПЛАТНО)

Доплата за користење на клима уред 7 € од ноќ од соба

 

ЦЕНИТЕ СЕ СО ВКАЛКУЛИРАН ПОПУСТ , НО ОДОБРУВАМЕ И ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НА ПОПУСТОТ:
7% ЗА УПЛАТА НА 50% ДО  21.11.2025
10% ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 21.11.2025

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ :                                                                ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
65 € за возрасни – повратна карта;                                                20€ за возрасни – повратна карта
50 € за деца до 12 години – повратна карта;                                15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ОПИС НА СОБИТЕ

СТУДИО 1 (1/2) приземје

СТУДИО  БР.1  (1/2)

Студиото се наоѓа на  приземје.Има еден дупол кревет,клима уред, кујната која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење,мал фрижидер,решо со две рингли ,аспиратор, Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило. Студиото располага со стандардно купатило и WC.

АПП 2 (1/2+1/1+1) приземје

АПАРТМАН   БР.2  (1/2 + 1/2)

Апартманот се наоѓа на приземје и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење,голем фрижидер,ел.шпорет со фурна, аспиратор,чајник и има кревет на спуштање наменет за спиење на 1 возрасен+1 дете.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв, плакар за алишта и клима уред.Од апартманот се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило.Апартманот располага со стандардно купатило и WC.