Вила Kleopatra - Јерисос

од42

Вила Kleopatra - Јерисос

1/2 +1/2 + 1 Апартман
1/2 + 1/2 Апартман

 НА ПЛАЖА

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “КЛЕОПАТРА“ е модерна вила,лоцирана е на самата плажа, стандардно опремена вила. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има голем фрижидери и голем ел.шпорет со фурна.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг кој функционира на прво слободно место.

Ценовник

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

ВИЛАТА ИМА ГОЛЕМ ПАРКИНГ , КОЈ ГО КОРИСТАТ ТУРИСТИТЕ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО.ПАРКИНГОТ Е БЕСПЛАТЕН.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (19.05; 26.05; 02.06; 09.06; 16.06; 01.09; 08.09 и 15.09)  ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО,АПАРТМАН ИЛИ ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во студио или апартман потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат- 35€ за возрасен или 25€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа и не користи седиште во автобус
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

35 € за возрасни – повратна карта;

25€ за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП/БИТОЛА – 10€

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР ОД КИЧЕВО/ОХРИД/ТЕТОВО/ГОСТИВАР- 15€

ОПИС НА СОБИТЕ

Апартман бр.1

 (1/2)+(1/2)+1  5 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет на спуштање комотен за две лица и
уште еден поединечен кревет.Кујната е опремена со голем ел.шпорет и рерна,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар.Во кујната има Тв .Спалната соба има еден дупол кревет (француски).Апартманот има плакар за алишта и клима уред.Има сопствено купатило и WC.Излегува на тераса со страничен поглед на море.

Апартман бр.2

(1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување.Кујната е опремена со голем ел.шпорет со рерна,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта.Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.

Апартман бр.3

(1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување.Кујната е опремена со голем ел.шпорет со рерна,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта.Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.