ВИЛА PASCALIA ГЕРАКИНИ
100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
ГЕРАКИНИ е прекрасно крајбрежно местенце на Ситонија – Халкидики.Познато е по долгата песочна плажа,чистото тиркизно море и опуштена атмосфера.Идеално е за семејства и парови и сите што сакаат тивок одмор, блиску до таверни и удобни апартмани .Со лесен пристап,убаво уредена плажа и топло гостопримство.
Вила ПАСКАЛИА – Геракини со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети.Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море.Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани.Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.
ЦЕНОВНИК
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕ НА: ПАРКИНГ ,КЛИМА УРЕД , WI – FI ( БЕСПЛАТНО)

-За пакет аранжманот во СТУДИО, потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
Студио БР.7 1/3 (3 ЛИЦА)
Студиото се наоѓа на први кат.
Студиото располага со една просторија во која има еден дупол кревет и еден поединечен кревет плакар за алишта, тв, клима.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер.Осд студиото се излегува на тераса на која има маса со столици и поглед на море во далечина
Студио БР.5 1/4 (4 ЛИЦА)
Студиото се наоѓа на први кат.
Студиото располага со една просторија во која има еден дупол кревет и два поединечни кревети, плакар за алишта, тв, клима.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер.Од студиото се излегува на тераса на која има маса со столици и поглед на море во далечина
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
СТУДИЈАТА:
ИМААТ КРПИ ;
САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
| ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:15 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |































































