МАЛАГА ЛЕТО 2026
МАЛАГА ЛЕТО 2026
Андалузија Андалузија Spain
Лето 2026
М А Л А ГА
Брегот на јужна Шпанија е познат низ целиот свет по своите сончеви денови во текот на целата година. Регионот Коста дел Сол во Андалузија чиј главен град е Малага – често се нарекува најпопуларна дестинација за одмор во Шпанија. Во превод – „Брег на сонцето“ го оправдува своето име со 320 сончеви денови во годината. Се состои од бескрајни долги песочни плажи, со безброј ресторани, таверни, кафулиња. Малага е родно место на Пабло Пикасо и актерот Антонио Бандерас, а одморот на оваа дестинација, покрај посетата на магичната Малага, нуди можност да се посетат и блиските Гранада, Марбеља, Ронда, Севиља, Кордоба… Коста дел Сол е познат по своите вина од врвен квалитет, кои се меѓу најдобрите во Европа, интензивниот ноќен живот, музеите и прекрасните ресторани со медитерански специјалитети. Најпознати одморалишта се Торемолинос, Беналмадена, Фуенхирола и Марбеља, кои ги воодушевуваат туристите со своите прекрасни пејзажи, плажи и чисто море.
Торемолинос е одморалиште кое привлекува најголем број туристи на овој брег. Покрај долгата песочна плажа со многу ресторани, барови на плажа и шеталиште долго 7 км, тука се и главната пешачка улица Кале Сан Мигел и стариот рибарски кварт Ел Бахондиљо.
ТЕРМИНИ и инфо за лет
15.06-22.06
(OS 0764)15JUN 0425 (SKP) 0600 (VIE)
(OS 0451)0940 (VIE) 1300 (AGP)
(OS 0452)22JUN1350 (AGP) 1655 (VIE)
(OS 0763)2245 (VIE) 0015 (SKP)
27.06-04.07
(TK1004) 27JUN SKPIST 0845 1120
(TK1305) ISTAGP 1315 1650
(TK1304) 04JUL AGPIST 1225 1740
(TK1005) ISTSKP 1855 1925
СКОПЈЕ –– МАЛАГА

МАЛАГА

МАЛАГА – СКОПЈЕ

1. Hotel Apartamentos Bajondillo 4* (www.bajondillo.com) прекрасен хотел сместен на плажа во Торемолинос (Bajondillo Beach), веднаш до шеталиште, сите апартмани и соби имаат приватна тераса и прекрасен поглед на морето. Овој објект нуди отворен базен, бар на плажа, бесплатно WiFi и разновидна забавна вечерна програма со бенд и фламенко претстави. Сместувањето е во студија и апартмани (77м2 со посебна спална соба) и вклучува мала кујна опремена со прибор и плотна за готвење, апарат за кафе, фрижидер. Сите имаат климатизација, централно греење, телевизор со национални и меѓународни канали, телефон, сеф (со доплата) и бесплатно Wi-Fi. Сите бањи се опремени со када/туш и фен.

Цените се дадени по лице за 7 ноќевања во студио/ апартман.
Можност за доплата на појадок (на рецепција) 16 евра по лице на ден.
Цената е иста за возрасни и деца.
2. Hotel Los Jazmines 3* (hotellosjazmines.com) шармантен хотел сместен на плажа во Торемолинос (Playamar Beach). Соби на приземје опремени со клима, ТВ, мини фрижидер… Бар на кровот на хотелот со преубав поглед на Средоземното море, отворен базен со бар. Појадок на база шветска маса. Бесплатно Wi-Fi во заеднички простории.

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба.
3. Hotel Sol Torremolinos – Don Marco Adults Recommended 4* (skr.rs/zSBg) сместен на плажа во Торемолинос (Bajondillo Beach) со многу содржини за релаксација и спорт. Хотелот нуди бесплатно Wi-Fi во цел објект, фитнес центар, Спа & wellness центар – џакузи, солариум, третмански и масажни услуги. Гостите имаат на располагање 8 базени.

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба.
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел и услуга по избор
Организација на аранжманот и претставник од агенција за време на патувањето и престој - За термин 15.06-22.06.2026
Авионски превоз на релација Скопје-Малага-Скопје со Austrian Airlines
Кабински багаж (55х40х23см) до 8кг. и една торба/ташна до 3кг.(40х30х10см) по лице - За термин 27.06-04.07.2026
Авионски превоз на релација Скопје-Малага-Скопје со Turkish Airlines
Рачен багаж до 8кг. и чекиран багаж максимум 20кг. по лице
- Туристичка такса 870 мкд (се плаќа во агенција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Факултативни излети: Малага 30е, Севиља 55е, Кордоба 50е, Ронда и Сетенил 45е, Гранада 45е, Мијас-Марбеља-Пуерто Банус 45е …
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
- Доколку патникот го откажува или менува терминот на поаѓање на истиот аранжман, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во износ од 10 €/Евра, по пријава-договор.































