ВИЛА NASOS City Centre - Парга
во центар на Парга на 200 метри од плажа
ПАРГА
Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација.Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.
Вилата “НАСОС“ лоцирана е во самиот центар на градот во Парга. Лоцирана е на 2 мин. од плоштадот. Од плажата Крионери е оддалечена 200 метри. Убаво опремена вила. Дуплекс Апартманот има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка клима уред и тв и тераса со поглед према море во далечина. Дуплекс апартманот има убаво опремено купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет. Во близина има паркинг со доплата.
ЦЕНОВНИК

ЦЕНИТЕ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 и 9 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е БЕСПЛАТНО
- ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 70 € за возрасни – повратна карта
- 50€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште; - 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДУПЛЕКС – АПАРТМАН БР.2 1/2+1/2 за 4 ЛИЦА
Дуплекс Апартманот се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби + кујна + купатило + тераса. Првата спална соба има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица. Втората спална соба има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса.
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во ДУПЛЕКС – АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
ДУПЛЕКС АПАРТМАНОТ:
Имаат крпи;
Имаат тоалетна хартија и сапун
| ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 00:15 часот наутро |
| Скопје | Спроти Хотел Бристол паркинг | 01:30 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 02:00 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 00:30 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 01:30 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 02:30 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 03:00 часот наутро |
| ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 01:30 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 00:30 часот наутро |








































































