КИНА 8 ми МАРТ

од1,745

КИНА 8 ми МАРТ

Departure Date

02 Mar - 10 Mar

Duration

8 дена 6 ноќевања

Views

59

КИНА – Добредојдовте во земјата каде што минатото и иднината се среќаваат во совршена хармонија! Кина е мистична, величествена и бескрајно разнолика – од древните ѕидови што зборуваат за илјадници години историја, до модерните метрополи кои сјаат во светлината на новото време. Ова е земја на култура, духовност и откритија што ќе ве инспирираат и засекогаш ќе останат во вашето срце.
ПЕКИНГ – срцето на империјата, е град каде секој камен раскажува приказна. Од моќниот Забранет град до величествениот Голем Ѕид, тука ќе ја почувствувате величината на древните династии и духот на современа Кина.
СИАН – чуварот на вечноста, некогашна престолнина на најстарите кинески царства, денес Сиан е жив музеј под отворено небо. Домот на прочуената Армија на теракотните војници, овој град е симбол на историја, култура и трајна традиција. ШАНГАЈ – бисерот на Истокот, модерен, космополитски и полн со живот, Шангај е град што никогаш не спие. Меѓу неонските светла и старите улички ќе го откриете вистинското лице на современа Кина – елегантна, динамична и безвременска. 

РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 – 1745€ – 108.190 мкд 
Цена по лице во двокреветна соба –  1.895€ – 117.490 мкд
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* – 100€/6200 мкд
Доплата за еднокреветна соба 240€ / 14.880 мкд 
*Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби! 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 6 ноќевања

1 ден

02.03.2026 СКОПЈЕ – ВИЕНА – МИНХЕН – ПЕКИНГ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02:30 часот. Полетување од Скопје за Виена во 04:30 часот, лет број OS764 со лет на авиокомпанијата Austrian Airlines. Слетување во Виена во 06:05 часот, локално време. Продолжување на летот за Минхен во 13.20 часот и пристигнување во 14.20 часот, локално време. Полетување од Минхен за Пекинг во 19.05 часот.
2 ден

03.03.2026 ПЕКИНГ

Пристигнување на меѓународниот аеродром во Пекинг во 12:25 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер до хотелот. На пат до хотелот, застанување кај Олимписките стадиони – „Птичјо гнездо“ (Националниот стадион) и „Водена коцка“ (Националниот воден центар), каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии. Двата објекта беа изградени за Летните олимписки игри во 2008 година и повторно искористени за Зимските олимписки игри во 2022 година. Вечера. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

04.03.2026 ПЕКИНГ

Појадок. По појадокот, посета на Небесниот Храм (Temple of Heaven), најголем и највпечатлив кинески храм, ремек-дело меѓу древните кинески храмови. Првично, Небесниот Храм бил местото каде што императорите од династиите Минг (1368 - 1644) и Чјинг (1644–1911) ја одржувале Церемонијата на обожување на Небото, молејќи се за добра жетва и мир во царството. Во 1998 година овој храм е ставен на листата на светско наследство. Потоа следи возење со рикша низ традиционални улички Хутонг (Hutong), над 6000 долги, кратки, широки и тесни улички кои ги го поврзуваат целиот Пекинг уште од античко време. Разгледот на градот продолжува со Плоштадот Тјенанмен (Tiananmen Square), најголемиот плоштад во светот и еден од најпознатите симболи на Кина. Тој е сведок на многу значајни настани од кинеската историја. Потоа следи обиколка на величествениот Забранетиот град (Forbidden city), со неговите бројни палати, павилјони и градини, непроценливи богатства на кинеската архитектура и уметност, моќниот и најголемиот комплекс на палати во светот и поранешен дом на 24 кинески императори. Вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО, Забранетиот град има околу 500 години историја и служел како политички и ритуален центар на Кина за време на династиите Минг и Чјинг. Зафаќа површина од 720.000 м², со повеќе од 980 згради и 9.999 соби, и не е само најголемата и најдобро зачувана колекција на древни градби во Кина, туку и „град во град“. На крај следи посета на фабриката за бисери, каде можете да најдете накит изработен од едни од најдобрите бисери. Организирана вечера, со традиционалната позната пекиншка патка. Навечер можност за факултативен излет – Акробатско шоу (35€ еур по лице). Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден

05.03.2026 ПЕКИНГ – СИАН

Појадок. По појадокот, следи екскурзија до Големиот Кинески Ѕид. Големиот Кинески Ѕид се гордее со историја долга повеќе од 2.000 години и се протега повеќе од 4.800 километри низ неколку провинции во северна Кина, а со вкупна должина од околу 21.000 километри, што го прави едно од најимпресивните антички ремек-дела на планетата. Кинескиот ѕид во форма на џиновски змеј, со висина од околу 8 метри, се протега низ планини, долини и шуми, уникатна архитектонска креација, видлива од вселената, безусловно сведочи за величината на древна Кина. Потоа следи посета на Летната палата (Summer Palace), комплекс од палати, градини и езера, која се користела како летна резиденција на членовите на владејачкото семејство од времето на династијата Чјинг (Qing). На крај следи и церемонија на чај. Вечера. Трансфер до железничката станица, по што следи возење со прочуениот брз воз - bullet train до Сиан (Xi’an). Пречек и сметување во хотел во Сиан. Ноќевање.
5 ден

06.03.2026 СИАН

Појадок. По појадокот, посета на фабриката за изработка на реплики на теракотните војници, каде што занаетчиите изработуваат минијатурни копии од прочуените глинени војници. Посета на едно од најголемите археолошки откритија во светот, вклучено во светското културно наследство на УНЕСКО – Музејот на Теракотната армија, изграден по наредба на првиот кинески император Чин Шихуанг (Qin Shihuang), со цел неговата армија да го чува и во задгробниот живот. Досега се откриени околу 8.000 реалистични фигури на теракотни војници, кочии и коњи во природна големина. Ќе бидете восхитени од оваа подземна теракотна армија во природна големина – илјадници војници кои молчеливо стојат, чувари на својот император повеќе од две илјади години. Потоа следи посета на Пагодата на Дивата Гуска (Wild Goose Pagoda), симбол на величественоста на династијата Танг. Се продолжува кон Плоштадот Bell & Drum Tower square, каде се наоѓаат Кулата на ѕвоната (Bell Tower) – стара повеќе од 600 години, и Кулата на тапаните (Drum Tower) – најголемата од ваков вид во Кина, двете извонредни примери на архитектурата од династијата Минг. Секое утринско ѕвонење на ѕвоното и вечерното удирање на тапанот претставуваат древни повици што одекнуваат низ вековите. На крај се посетува муслиманскиот пазар (Muslim Market), кој последните години прерасна во туристичка атракција. Вечера со традиционални кинески кнедли (Dumplings Dinner). Навечер можност за факултативен излет – Шоу од династијата Танг (40€ по лице). Ноќевање.
6 ден

07.03.2026 СИАН - ШАНГАЈ

Појадок. По појадокот, трансфер до железничката станица и возење со брз воз - bullet train (G362 (08:51 – 15:06) до Шангај. По пристигнувањето во Шангај, посета на градината Ју (Yu Garden), најпознатата класична градина во Шангај, скриена во срцето на градот. Прошетајте низ елегантните павилјони, камени формации и езерца со лотоси, и восхитете се на префинетите резби и традиционалната архитектура. Следи посета на Стариот град и прочуениот крајбрежен кварт Бунд (The Bund), најпознатата знаменитост на Шангај, познат како „Изложба на меѓународна архитектура“, кој се одликува со 52 величествени градби во готски, барокен и арт деко стил. Од тука ќе уживате во прекрасен поглед на хоризонтот кон облакодерите во Пудонг (Pudong) преку реката Хуангпу (Huangpu). Следи организирана посета на фабриката за свила, па слободно време за прошетка по пешачката улица Нанџинг (Nanjing Road) опкружена со светски познати брендови, кафулиња и историски згради. Навечер ќе уживате во прекрасно крстарење по реката Хуангпу (Huangpu River cruise) што ќе ви овозможи панорамски поглед кон осветлениот Шангај, каде што Западот се сретнува со Истокот, а традицијата со модерноста. Ќе ја почувствувате волшебноста на градот, како и во величествените, импресивни облакодери. Вечера и враќање во хотелот. Ноќевање.
7 ден

08.03.2026 ШАНГАЈ

Појадок. По појадокот, организиран излет до водениот град Тонгли (Tongli Water Town) со разгледување и обиколка со чамец низ каналите. Водениот град Тонгли се смета за еден од шесте познати древни водни градови јужно од реката Јангце, кој се наоѓа на околу 90 км оддалеченост од Шангај. Ако постои еден елемент што го обликувал овој дел од Кина, тоа е водата. Луѓето живееле и напредувале помеѓу овие езера, водни патишта и канали илјадници години. Тонгли е изграден за време на династијата Сонг (Song) и има историја долга повеќе од илјада години. Овој мал, но неверојатно фотогеничен воден град не само што има бројни канали, острови и мостови, туку се гордее и со класична кинеска градина заштитена од УНЕСКО, древни храмови и тесни улички. Ручек. Враќање во хотелот во Шангај. Ноќевање.
8 ден

09/10.03.2026 ШАНГАЈ – ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет, посета на ТВ кулата Ориентал Перл (Oriental Pearl TV Tower), со висина од 468 метри, кулата е шеста највисока во светот и втора највисока ТВ и радио кула во Кина. Но, не е само нејзината височина таа што воодушевува, туку и нејзиниот впечатлив архитектонски дизајн, кој ја прави една од најпрепознатливите знаменитости на Шангај. Посетителите ќе имаат можност да се искачат и спуштат низ кулата со двоспратни лифтови кои примаат до педесет лица и се движат со брзина од седум метри во секунда, овозможувајќи возбудливо и удобно патување до набљудувачките платформи со величествен панорамски поглед кон градот. Потоа следи прошетка низ креативната четврт Тианзифанг (Tianzifang), област со уникатна архитектура на стариот Шангај. Мирно, уметничко и шармантно место, полно со мали бутици, галерии и продавници со уникатни ракотворби. (Цена по лице: €65 по лице). Вечера. Вечерта организиран трансфер до аеродромот во Шангај. Полетување од Шангај за Виена во 00:10 часот, локално време, со лет број OS 016. Слетување во Виена во 06:05 часот, локално време. Полетување од Виена за Скопје во 10:15 часот. Слетување во Скопје во 11:45 часот, по локално време.