Тирол е еден од најубавите предели на Австрија… Го опкружуваат високите венци на Алпите, кои прават бајковита атмосфера, а барокните градови на Тирол се преполни со историја … Инсбрук е главен град на покраината Тирол, познат по својот исклучително убав историски центар , над кој се издигнуваат моќните и магични алпски масиви… На Алпите се наоѓаат бројни ски центри поради кои што Инсбрук двапати беше домаќин на Зимските Олимписки игри (’64, ’76). Магичнот свет на ” Swarovski” кристалите се наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад. Во внатрешноста се крие најголемата кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала. А понатаму по влезот во овој свет се е како во бајка… неверојатно и фасцинантно.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 439 евра / 27.220 денари
1 ден
06.03.2026 СКОПЈЕ – ИНСБРУК
Состанок на групата во 09:00ч. на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски. Денско и ноќно возење преку Србија, Словенија... со кратки попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2 ден
07.03.2026 ЕЗЕРО АТЕР (КАМЕР) – САЛЗБУРГ
Пристигнување на Езерото Атер (Attersee) во претпладневните часови. Посета на туристичкиот центар Камер, еден од најубавите градови на езерото. Во овој град престојувал сликарот Густав Климт, на кого сега му е посветен Културниот центар (факултативна посета). Слободно време за прошетка по шеталиштето и уживање во атмосферата. Престој на езерото во времетреање од 2 часа. Продолжување на патувањето кон Салзбург. По пристигнувањето заминуваме на разглед на градот – пешачка тура( факултативно): Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил,надбискупска резиденција.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден
08.03.2026 САЛЗБУРГ – ИНСБРУК
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Инсбрук. По пристигнувањето, Сместување во хотел. По краткиот одмор заминуваме на разглед на центарот : главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата... Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден
09.03.2026 ИНСБРУК - ВАДУЦ (ЛИХТЕНШТАЈН)
Појадок. Полудневен факултативен излет до Кнежевството Лихтенштајн и главниот град Вадуц (поаѓање во 08:30 часот / враќање околу 16:00 часот). По пристигнувањето во Вадуц, следи кратка прошетка по прекрасната пешачка зона која е декорирана со многу интересни споменици. Панорамски разглед на дворецот на кнежевството. Слободно време за индивидуални активности по препораки на вашиот водич (посета на Националниот музеј на Лихтенштајн, посета на ризницата на кнезовите од Лихтенштајн со кралските скапоцени камења, можноста за организирање посета на Кралската винарска визба...). Престој во Вадуц од вкупно 3 часа. Враќање во Инсбрук. Слободно време во центарот на градот ... Поаѓање од центарот на градот кон хотелот во вечерните часови. Ноќевање

5 ден
10.03.2026 ИНСБРУК - ВАТЕНС / КРИСТАЛНИОТ СВЕТ НА SWAROVSKI – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел . Препорачуваме посета на Кристалниот свет на Сваровски... се упатуваме кон градот Ватенс (Wattens). Неверојатениот микс на луксузни кристали и бајковити градини нема да Ве остават рамнодушни... Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.
Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот кој излегува од уста е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет...Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик. Во договорено време заминување за Македонија...Ноќното возење преку Словенија и Србија...

6 ден
11.03.2026 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

- Превоз со туристички автобус на наведените релации
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3*, во регионот на Салзбург
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*, во регионот на Инсбрук;
- Пратител од агенцијата за време на целото патување;
- Организациски и реализација на програматa
- Влезници за музеите и други туристички објекти;
- Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети)
- Разглед на Салзбург и езерото Атер – 30 €
- Разглед на Инсбрук со водич 20 €
- Целодневна екскурзија Лихтенштајн – ( превоз, разглед на градот и услуги на пратител) – 50€
- Кристалниот свет на Swarovski – (превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратител) – 60 €
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување 350 ден.
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај. (Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај (ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи (ранч кревет или софа).
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТА Атлантик
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.






















