ЗАГРЕБ 8МИ МАРТ 2026

од179

ЗАГРЕБ 8МИ МАРТ 2026

Departure Date

05 Mar - 09 Mar

Duration

5 дена 2 ноќевања

Views

271

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11: 179 € / 11.100 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 € / 12.340 мкд

1 ден

05.03.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ

Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија со попатни кратки паузи за освежување и царински формалности.
2 ден

06.03.2026 (ПЕТОК) - ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот. Ноќевање.
3 ден

07.03.2026 (САБОТА) ЗАГРЕБ - ЉУБЉАНА - ЗАГРЕБ

Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот со локален водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време. Враќање во Загреб. Ноќевање.
4 ден

08.03.2026 (НЕДЕЛА) ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.03 - понеделник