Венеција за 8-ми Март 2026

од349

Венеција за 8-ми Март 2026

Departure Date

07 Mar - 10 Mar

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

491

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

ПРОМО ЦЕНА 349 евра (21.640 ден)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 400 евра (24.800 ден)

1 ден

(07.03.2026) Сабота

Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имамеразглед со локалниот водич. Ноќевање.
2 ден

(08.03.2026) Недела

По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, и родното мнесто на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
3 ден

(09.03.2026) Понеделник

По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање ЧЕТВРТИ ДЕН (10.03.2026) Вторник
4 ден

(10.03.2026) Вторник

По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.