БУДВА СО ДУБРОВНИК 8МИ МАРТ

од99

БУДВА СО ДУБРОВНИК 8МИ МАРТ

Departure Date

05 Mar - 09 Mar

Duration

3 дена 2 ноќевања

Views

2166
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊 Во продолжение програмата…

Цена на аранжманот119евра/7.380мкд

Промо цена99евра/6.138мкд

1 ден

05.03.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-БУДВА

Состанок на групата на Дрво Декор во 22.30часот. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

06.03.2026 (ПЕТОК) ОСТРОШКИ МАНАСТИР

Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпостуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Ноќевање.
3 ден

07.03.2026 (САБОТА) ДУБРОВНИК

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.
4 ден

08.03.2026 (НЕДЕЛА) ТИВАТ-КОТОР-БУДВА -СКОПЈЕ

Напуштање на собите. Заминување на екскурзија. Првото место што се псоетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје после полноќ.