ПОРТУГАЛИЈА
Земја каде што секоја улица, бран и град носат мирис на историја, морепловство и вечна меланхолија
Порто – Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.
Лисабон – Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО
21Октомври СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН

22Октомври ЛИСАБОН

23 Октомври Белем – Синтра – Кабо да Рока

24 Октомври ЛИСАБОН – НАЗАРЕ – АВЕИРО И КОСТА НОВА - ПОРТО

25 Октомври ПОРТО

26 Октомври ПОРТО – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Авионски превоз на релација Скопје – Лисабон х Порто – Скопје со Туркиш, инфо за летот:
TK1004 21OCT SKPIST 0845 1120
TK1759 21OCT ISTLIS 1240 1540
TK1452 26OCT OPOIST 1610 2355
TK1003 27OCT ISTSKP 0855 0825
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см) и чекиран куфер до 20кг.
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Трансфер со автобус од Лисабон до Порто
Трансфер со автобус Белем, Синтра, Кабо де Рока
Сместување во хотел FLORIDA 4* во Лисабон на база 3 ноќевања со појадок
Сместување во хотел Legendary Porto Hotel 3* во Порто на база 2 ноќевања со појадок
Организиран разглед и посета на сите градови и места по програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Туристичка такса 1860 ден.
Влезница и трансфер за палатата Пена – 35 евра
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 18.900 мкд
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 23 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Атлантик.

















