БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА 23ти ОКТОМВРИ

from155€

БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА 23ти ОКТОМВРИ

Departure Date

22 Oct - 25 Oct

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

574

ПРОМО ЦЕНА: 155 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 85 ЕВРА! (екскурзиите се плаќаат во автобус)

РЕДОВНА ЦЕНА: 185 евра

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

1 ден

22.10.2026 четврток СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, тргнување во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

23.10.2026 петок БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Попладнето факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

24.10.2026 сабота БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден

25.10.2026 недела БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во договореноро време посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 26.10.2026 (понеделник).