Венеција/Милано/Верона/Трст – Божиќни маркети

from159€

Венеција/Милано/Верона/Трст – Божиќни маркети

Departure Date

22 Oct - 25 Oct

Duration

5 дена 2 ноќевања

Views

818

CHRISTMAS MARKET EDITION

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење, особено за време на магичните божиќни празници, кога сите плоштади во Италија се преполни со украси и штандови.

ПРОМО 159 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85 евра, (плаќање на факултативите во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 189 евра.
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

 

 

1 ден

Петок 04.12.2026

Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
2 ден

Сабота 05.12.2026

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

Недела 06.12.2026

По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.
4 ден

Понеделник 07.12.2026

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје. Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови на 08.12.2026