Босна е земја со многу историја, “земја на крв и мед“ што би рекла Анџелина Џоли. Овде ќе се запознаеме со османлискиот период кога е изградено најмногу, со социјалистичкиот период чиј крај е проследен за жал со војна. Овде ќе се напиете најубаво кафе, ќе пробате највкусен бурек и баклава. И секако ќе се сликате на Башчаршија, на Мостот на Дрина, во Мостар и со паднатиот Мост на Неретва. Тура во која ќе уживате и одблизу ќе се запознаете со традицијата и секојдневието на земјата во која живеат Босанци, Хрвати, Срби, муслимани, христијани кои и ден денес и после сите војни живеат и функционираат заедно како еден пример на мулти етничко општество.
РЕДНОВНА ЦЕНА: 129 € / 8.000 мкд
30.04.2026 (ЧЕТВРТОК)-Скопје-Сараево

01.05.2026 (ПЕТОК)-Сараево

02.05.2026 (САБОТА)- БУНКЕРОТ НА ТИТО - ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) - ИЗВОРОТ ВРЕЛО БУНЕ И МОСТАР

03.05.2026 (НЕДЕЛА)- БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - ВИШЕГРАД - СКОПЈЕ


-Aвтобуски превоз (Штип, Кочани, Велес, Скопје и Куманово)
-2 ноќевања со појадоф во хотел со 3*
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник
– Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Јабланица,изворот Врело Буне и Мостар ) – 60 евра
*Влезница за бункерот не е вклучена во цената и чини 20 евра по лице.
– Посета на Босанските пирамиди (тунел Равне)- 25 евра од лице
-Туристичка такса- 5 евра од лице за 2 ноќевања
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А Атлантик.










