МАЛТА - БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ 23ТИ ОКТОМВРИ

from399

МАЛТА - БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ 23ТИ ОКТОМВРИ

Departure Date

23 Oct - 26 Oct

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

494

Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 € / 28.400 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 26.09.2026 : 399 € / 24.700 мкд

1 ден

23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување во 20:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:35 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
2 ден

24.10.2026 (сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет со посета на средновековниот град Мдина и фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’ Qali. Продолжување кон Сината Пештера – Blue Grotto. Доколку дозволуваат временските услови, можност за пловење со бродче низ пештерите, со доплата од околу 10 €. Разглед на Валета: градската порта, главната улица, плоштадот на Републиката и градините Barracca, со панорамски поглед кон Големиот Залив и Трите Града. Можност за посета на Катедралата Св. Јован со доплата од 15 €. Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Ст. Џулиан, познат по бројните ресторани, барови и ноќниот живот. Ноќевање.
3 ден

25.10.2026 (недела) СКОПЈЕ – МАЛТА ГОЗО

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо.Посета на Dwejra Bay и Внатрешното Море, со можност за пловење со бродче доколку дозволуваат временските услови, со доплата од околу 5 €.Панорамски разглед на Викторија, посета на Старата Цитадела и селото Фонтана каде што ќе имате можност за дегустација на производи од локално производство. Слободно време за ручек во заливот Xlendi.Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Слима, позната по шопингот, рестораните, кафулињата и шеталиштето покрај морето. Ноќевање.
4 ден

26.10.2026 (понеделник) СКОПЈЕ – МАЛТА ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел.Се упатуваме на факултативна посета на селото на Попај (Popeye Village) или уште познато како (Sweethaven Village) кое е наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Трансфер до аеродром 17:30. Полетување за Скопје во 20:25 часот. Слетување во 22:05 часот.