Промо Цена 999 евра ( 61.940 денари)
Цена на аранжманот 1199 евра ( 74.340 денари)
Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“, Валенсија нуди нешто
за секого. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!
Мадрид е главниот град на Шпанија, познат по својата богата историја, прекрасната архитектура, уметноста и живата атмосфера. Градот нуди бројни знаменитости, музеи, паркови, традиционална шпанска кујна и интересен ноќен живот. Мадрид е град кој совршено ги спојува традицијата и модерниот живот!
09.10 Петок СКОПЈЕ – Tирана - ВАЛЕНСИЈА

10.10 Сабота ВАЛЕНСИЈА

11.10 Недела ВАЛЕНСИЈА – ТОЛЕДО - МАДРИД

12.10 Понеделник МАДРИД

13.10 Вторник МАДРИД – Сеговија

14.10 Среда МАДРИД – СКОПЈЕ

– Авионски превоз на релацијата Тирана – Валенсија X Мадрид – Скопје
– Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг
– Трансфер Скопје – Тирана
– Трансфер со автобус од Мадрид со Валенција
– Организиран трансфер од Аеродром Валенсија до хотел и од хотел Мадрид до ародром
– 2 ноќевања со појадок во Валенсија во Hotel Olympia Cónsul del Mar3*
– 3 ноќевања со појадок во Мадрид во Hotel Puerta America Madrid 5*
– Разглед на Валенсија, разглед на Мадрид со локален водич
– Влезница за Кралската палата
– Посета на Толедо со локален водич и влезница за Катедралата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- – Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Доплата за чекиран багаж – една инфо за цена 5 дена пред патување.
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Туристичка такса 1240 денари
Доплата за еднокреветна соба 15.500 денари
Факултативни:
– Излет до Сеговија – 90 евра ( вклучен трансфер, локален водич и влезница за Алказар)
Влезници: индивидуален влез во Прадо 20евра
(опција за групна влезница со водич со минимум 11 лица 35 евра )
Индивидуална влезница за стадионот Сантиаго Бернабе 50евра
.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Атлантик.

















