Крф за 8 Септември

from129

Крф за 8 Септември

Departure Date

04 Sep - 08 Sep

Duration

5 дена 3 ноќевања

Views

2495

ПРОМО ЦЕНА 129 евра

Редовна цена 159 евра

Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 8 Септември.

1 ден

04.09 (петок)

Состанок на групата кај Хотел Континентал во вечерите часови. Ноќно возење преку граничниот Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
2 ден

05.09 (сабота)

Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
3 ден

06.09 (недела)

Групата ќе има можност, факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите. Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот. Влезницата за аквриумот се плаќа 10-12 евра по желба, на лице место. По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.
4 ден

07.09 (понеделник)

Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари, каде ќе има доволно време да се прошета малото градче и да се ужива на плажа. Сидари е место познато по каналот на љубовта, по глинените карпи, место каде секој турист задолжително доаѓа при посетата на Крф. Градчето е живописно и има бројни ресторанчиња и таверни.Потоа во договорено време ќе одиме во селцето Перуладес, каде се наоѓа барот 7th Heaven, познат по прекрасната стаклена тераса од каде се гледа најубавото зајдисонце на островот. Враќање во вечерните часови.
5 ден

08.09 (вторник)

Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови на 09.09.