БУДИМПЕШТА

from155

БУДИМПЕШТА

Departure Date

04 Sep - 07 Sep

Duration

5 дена 2 ноќевања

Views

924

ПРОМО ЦЕНА: 155 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 85 ЕВРА! (екскурзиите се плаќаат во автобус)

РЕДОВНА ЦЕНА: 185 евра

 

 

 

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

1 ден

04.09.2026 петок СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, тргнување во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

05.09.2026 сабота БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Попладнето факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

07.09.2026 понеделник БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во договореноро време посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.09.2026 (вторник).
4 ден

25.05.2026 понеделник БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во договореноро време посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 26.05.2026 (вторник).

Превоз на наведената релација
– Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

– Разглед на Будимпешта со локален водич – 15 евра
– Крстарење со брод по Дунав – 25 евра
– Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
– Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање – се плаќа во автобус
Патничко осигурување

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра  

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокревтна доколку хотелот располага со таква

–          Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Атлантик.