ИСТАНБУЛ 3НП 11ти Октомври

from135

ИСТАНБУЛ 3НП 11ти Октомври

Departure Date

08 Oct - 12 Oct

Duration

5 дена 3 ноќевања

Views

1356

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 135 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Редовна цена: 159 евра

Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

1 ден

08.10.2026 (четврток)

Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности
2 ден

09.10.2026 (петок)

Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности. Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време. Во приквечерните часови предвидена е факултативна посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 56тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
3 ден

10.10.2026 (сабота)

Појадок. По појадокот можност за уживање на еден од најубавиот видиковец Пјер Лоти именувано според францускиот поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот каде ќе имате можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

11.10.2026 (недела)

Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореноро време одиме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии. Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Фото пауза за девојачката кула која се наоѓа во населбата Ускудар. Потоа се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња и сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Вечерта организирана вечера со ноќно крстарење на Босфор. Ноќевање.
5 ден

12.10.2026 (понеделник)

Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 13.10.2026 (вторник)