КИНА – Добредојдовте во земјата каде што минатото и иднината се среќаваат во совршена хармонија! Кина е мистична, величествена и бескрајно разнолика – од древните ѕидови што зборуваат за илјадници години историја, до модерните метрополи кои сјаат во светлината на новото време. Ова е земја на култура, духовност и откритија што ќе ве инспирираат и засекогаш ќе останат во вашето срце.
ПЕКИНГ – срцето на империјата, е град каде секој камен раскажува приказна. Од моќниот Забранет град до величествениот Голем Ѕид, тука ќе ја почувствувате величината на древните династии и духот на современа Кина.
СИАН – чуварот на вечноста, некогашна престолнина на најстарите кинески царства, денес Сиан е жив музеј под отворено небо. Домот на прочуената Армија на теракотните војници, овој град е симбол на историја, култура и трајна традиција. ШАНГАЈ – бисерот на Истокот, модерен, космополитски и полн со живот, Шангај е град што никогаш не спие. Меѓу неонските светла и старите улички ќе го откриете вистинското лице на современа Кина – елегантна, динамична и безвременска.
РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 – 1745€ – 108.190 мкд
Цена по лице во двокреветна соба – 1.895€ – 117.490 мкд
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* – 100€/6200 мкд
Доплата за еднокреветна соба 240€ / 14.880 мкд
*Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби!
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 6 ноќевања
02.03.2026 СКОПЈЕ – ВИЕНА – МИНХЕН – ПЕКИНГ

03.03.2026 ПЕКИНГ

04.03.2026 ПЕКИНГ

05.03.2026 ПЕКИНГ – СИАН

06.03.2026 СИАН

07.03.2026 СИАН - ШАНГАЈ

08.03.2026 ШАНГАЈ

09/10.03.2026 ШАНГАЈ – ВИЕНА – СКОПЈЕ
- ✓ Повратни авионски билети на релација Скопје – Пекинг / Шангај – Скопје, со авиокомпаниите Lufthansa и Austrian Airlines, со вклучени аеродромски такси.
✓ Вклучен багаж: 1 парче чекиран багаж до макс. 20 кг. и 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг.
✓ Пречек и асистенција на аеродромот од страна на локалниот партнер.
✓ Сите трансфери и превоз спрема програмата.
✓ 2 ноќевања во хотел 4* во Пекинг со појадок (Beijing Qianmen jianguo hotel или Boyue Beijing hotel или Beijing Guangxi Hotel или сличен во Пекинг).
✓ 2 ноќевања во хотел 4* во Сиан со појадок во хотел со 4* (Xi’an Bell Tower Hotel или сличен во Сиан).
✓ 2 ноќевања во хотел 4* во Шангај со појадок (Shanghai Ocean Hotel или сличен во Шангај).
✓ 7 вечери спрема програмата, вклучувајќи вечера со пекиншка патка во Пекинг и вечера со кнедли во Сиан.
✓ Сите разгледи и влезници во објектите кои се посетуваат спрема програмата.
✓ Билет со брз воз (bullet train) на релација Пекинг – Сиан и на релација Сиан – Шангај.
✓ Напомена: хотелите НЕ располагаат со трикреветни соби!
✓ Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- • Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
• Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци, и услуги надвор од програмата.
• Факултативни екскурзии.
-Акробатско шоу (35€ еур по лице).
-Шоу од династијата Танг (40€ по лице).
-Кулата Ориентал Перл и Тианзифанг (Цена по лице: €65 по лице).КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:
• За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Кина, за престој помалку од 30 дена.
• Патниците кој патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Кина.
• При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
• Локалното време е плус 7 часа во однос на времето во Македонија.
• Кина е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси…
- За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е минимум 10 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето. • За оваа програма важат Општите Услови на Патување на ТА АТЛАНТИК ШТИП


























