КИПАР

од279

КИПАР

Departure Date

28 Feb

Duration

3 ноќи,4 дена

Views

152

4 дена /3 ноќевања

28.02-03.03.2026

21.03.-24.03.2026

 

ЦЕНА  279€/17,300,00ден до 15.12.2025

Редовна цена 329€/20.400 ден.

1 ден

СКОПЈЕ –ЛАРНАКА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00 часот. Полетување за Ларнака во 20.15 часот ,пристигнување во 23.25 по локално време .Трансфер до хотел ,сместување и Ноќевање.
2 ден

ЛАРНАКА – ЛИМАСОЛ – Плажата АФРОДИТА и ПАФОС

Појадок .Факултативна посета на Лимасол и Пафос . На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури се до античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море. Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци од античка Грција. На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор.
3 ден

ЛАРНАКА -АЈА НАПА-ФАМАГУСТА

Појадок.Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар -.Заминување за градот Аја Напа.Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогаш имало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар.Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот.Бројните ресторани, барови ,дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор.Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км. Патување што ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градо ткој е познат низ целиот свет како „град на духови“.Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Враќање во хотел.Слободни активности.Ноќевање
4 ден

ЛАРНАКА-–СКОПЈЕ

Појадок Одјавување од хотел во 11.00 часот. Слободно време за индивидуални активности .Трансфер до аеродромот во Ларнака во 15.30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Ларнака во 18.15 часот Пристигнување во Скопје во 19.15 часот.
  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • aеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување на база 3 ноќевања со појадок  во хотел 3*во Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Доплата за кабински багаж
  • 10кг (55 x 40 x 23 cm)– информации во агенција
  •  20кг  149 x 119 x 171 –  информации во агенција
  •  Влезници за локалитети и карти за локален превоз
  • Факултативна посета на Аја Напа и Фамагуста   со локален водич и трансфер 60€(минимум 15 патника)
  • Факултативна целодневна посета на Лимасол , Пафос и Афродитина плажа со локален  водич и трансфер   60€  (минимум 15 патника)
  • Патничко осигурување 180,00 денари
  • За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника
  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот
  •  Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Напомена
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето за влез во Кипар,за влез во Турскиот дел пасосот треба да биде минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.