Атина 2НП - 8-ми Март

од159

Атина 2НП - 8-ми Март

Departure Date

06 Mar - 10 Mar

Duration

5 дена 3 ноќевања

Views

2619

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.12.2025: 159 евра  / 9.860 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра /11.100 ден.

БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР од Битола, Прилеп, Неготино и Велес.

1 ден

06.03.2026 СКОПЈЕ –АТИНА

Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 17.00 часот. Поаѓање за Атина во 17.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден

07.03.2026 АТИНА

Очекувано пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден

08.03.2026 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол... . Ноќевање.
4 ден

09.03.2026 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден

10.03.2026 СКОПЈЕ

Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови.