Будимпешта за 11 Октомври

from159

Будимпешта за 11 Октомври

Departure Date

09 Oct - 12 Oct

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

547

ПРОМО ЦЕНА: 159евра со задолжителен пакет факултативи 85 евра (редовна цена 95 евра)
РЕДОВНА ЦЕНА: 189 евра без пакет
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите места предвидени во програмата. Во пакетот спаѓа разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав, посета на Виена и Сент Андреа. Посетата на Чарда не е вклучена во пакетот

 

Будимпешта – престолнината на Унгарија на брегот на Дунав, со право се смета за град на уметноста, музиката и добрата забава. Многумина, поради фантастичната архитектура и преубавите мостови ја нарекуваат Париз на Источна Европа. Град кој денеска има околу 2,5 милиони жители, настанал со спојувањето на Будим од десната страна на Дунав и Пешта на левата. Ќе бидете во прилика на вистински начин да ја запознаете културата на овој народ преку националните игри, прочуените унгарски специјалитети од нивната кујна, крстарење по Дунав, прошетка по плоштадот на хероите.

1 ден

09.10 (петок) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата кај хотел Континентал околу 15-16 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

11.10 (недела) – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Следниот ден после појадокот, следува околу тричасовна посета на престолнината на големото царство и уметноста, Виена и познатиот панорамски разглед на градот каде ќе ги видиме булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Свети Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за прошетка низ центарот на Виена и во договорено време враќање кон Будимпешта. По стигнувањето, можност за посета на ЧАРДА, (по желба) место кое е познато по доброто расположение и стариот добар угостителски живот и како некогаш функционирале чардите. Тука ќе уживате во нивната музика, традиционалниот специјалитет гулашот и унгарските традиционални танци, каде ќе си поминете одлично и ќе ја доживеете културата на унгарскиот народ на вистински начин. Можност индивидуално со градски превоз да прошетате по улицата Ваци, која е најпознатата улица во Будимпешта, позната по кафулињата, рестораните и продавниците за шопинг. Ноќевање
3 ден

12.10 (пнеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СЕГЕДИН – СКОПЈЕ

По појадокот следува напуштање на хотелот и следи посета на барокниот град Сент Андреа, кое е доста живописно место, каде се негуваат народните ракотворби и старата архитектура. Изобилува со винотеки, музеи, галерии и цркви. По слободното време, се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Во договорено време, поаѓање за Македонија. Пристигнувањето е предвидено во доцните ноќни или утринските часови на 13.10 во зависност од гужвите на граница.