ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ

од99

ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ

Departure Date

12 Feb - 15 Feb

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

492

Фестивалот на мимозите во Херцег Нови претставува една од најпознатите и највеселите зимски манифестации на Јадранот, која со децении ги обојува февруарските денови во жолто и ја најавува пролетта. Посветен на мимозата – симболот на градот и на новиот почеток, фестивалот нуди богата програма исполнета музика, концерти, гастрономски уживања и неповторлива медитеранска атмосфера. Во текот на манифестацијата, херцегновската ривиера пулсира со живот, мириса на расцветани мимози и ги пречекува посетителите со насмевки, дружење и вистински празничен дух.

ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

1 ден

12.02.2026 (четврток)

Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

13.02.2026 (петок) БУДВА

Пристигнување во Будва. Во попладневните часови сместување во вила во центарот на Будва. Слободно попладне. Во договорено време, организирана прошетка низ Будва. Ноќевање.
3 ден

14.02.2026 (сабота) ТИВАТ-ПОРТОМОНТЕНЕГРО-ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ

Во договорено време поаѓање кон Тиват и посета на ексклузивната марина Порто Монтенегро, една од најлуксузните марини на Јадранот. Слободно време за прошетка покрај јахтите, кафе во модерните локали или индивидуални активности. По посетата продолжуваме кон Херцег Нови, поточно кон Баошиќи, каде што се одржува главната свеченост со која официјално се отвора Фестивалот на мимозите. По целата херцегновска ривиера, од Баошиќи, преку Џеновиќи, па се до Кумбор, посетителите имаат можност да уживаат во празничната атмосфера, при што домаќините на манифестацијата традиционално ги почестуваат гостите со бесплатна пржена риба и вино. Улиците се исполнети со дефиле на мажоретки и настапи на Градскиот оркестар, кои на посетителите им подаруваат гранчиња мимоза – препознатливиот симбол на фестивалот и цвет кој расцветува токму во февруари, најавувајќи ја пролетта. Веселата поворка и живописните настани совршено се надополнуваат со жолтата декорација на градот и пријатниот мирис на мимозите. Херцегновската ривиера е украсена со околу 35.000 засадени стебла мимози, што ѝ дава уникатен изглед и посебна фестивалска магија. Забавната програма на отворено започнува во 12:00 часот со музички настап на Данијел Алибабич, а продолжува долж шеталиштето и плажите покрај морето. Во 13:00 часот, на платото во Џеновиќи, публиката ќе има можност да ужива во концертот на нашата реномирана естрадна уметничка Калиопи. Фестивалот се одржува низ целиот Херцег Нови, но главните настани се сместени долж ривиерата, во Баошиќи и Џеновиќи. Баошиќи претставува срцето на фестивалот, со големото дефиле, улични настапи, бесплатна дегустација на риба и вино, и најжива атмосфера, додека Џеновиќи нуди музички концерти, прошетки по шеталиштето и дополнителни активности. Во договорено време, во попладневните часови, враќање во Будва. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Ноќевање.
4 ден

15.02.2026 (недела) КОТОР И ПЕРАСТ

Последниот ден е предвиден за факултативна посета на Пераст и Котор. Котор – еден од најзначајните историски градови на Јадранот. Прошетка низ стариот град, кој од 1979 година е под заштита на УНЕСКО. Посета на катедралата Свети Трифун (1166 г.), разгледување на средновековните ѕидини и уживање во автентичниот амбиент на тесните улички, плоштади и палати. Слободно време за индивидуални активности. Пераст – мал, тивок и величествен град кој изгледа како парче од Венеција закотвено во Которскиот залив. Сместен во подножјето на ридот Свети Илија, Пераст и покрај тоа што има само една главна улица, се гордее со 16 цркви и 17 поранешни палати. Град кој освојува на прв поглед со својата романтична и благородна атмосфера. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.