ТОСКАНА (Болоња – Фиренца – Чинкве Тере -Сиена-Сан Џимињано- Пиза- Outlet Shoping centar Barberino) 3НП
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 30.06.2026: 199€/ 12.340 ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229€/ 14.200 ден.
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…
04.09.2026 Скопје – Монтекатини

05.09.2026 Болоња - Монтекатини

06.09.2026 Монтекатини - Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини

07.09.2026 Монтекатини- Cinque Terre – Пиза - Монтекатини

08.09.2026- Монтекатини – Фиренца - Outlet Shoping Centar Бarberino- Скопје

09.09.2026 Скопје
- Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
- Сместување во хотел Hotel Park Moderno на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
- Попатна посета на Болоња
- Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
- Патничко здравствено осигурување (без франшиза) – 300 ден (цена за лица до 60 години)
- Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
- Задолжителна посета на Фиренца + Outlet Shoping centar Barberino – 40€ (се плаќа во агенција)
- Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич)+ Пиза – 60€
- Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 60€
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Целодневен излет на Cinque Terre + Пиза + Посета на Сиена и Сан Џимињано – 110€
- Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
- Доплата за седиште по избор 20€ по лице
- Доплата за дополнително седиште 150€
- Индивидуални трошоци
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на TA Атлантик.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.



