МАЛАГА & Коста Дел Сол

од895

МАЛАГА & Коста Дел Сол

Departure Date

09 Apr - 15 Apr

Duration

7 дена 6 ноќевања

Views

1893

EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 28.02.2026
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба  995 € / 61.690 мкд

ПРОЛЕТНА ШПАНСКА МАГИЈА ВО КОСТА ДЕЛ СОЛ

Сонце, медитернаски ритам и андалузиска душа
Добредојдовте на најпознатата шпанска прибрежна дестинација – Коста дел Сол, бисерот на јужна Андалузија. Овој регион е
синоним за сончево време, долги песочни плажи и опуштен медитерански начин на живот. Од живописната Малага, културното
срце на регионот, до гламурозната Марбеља и малите шармантни андалузиски градчиња, Коста дел Сол нуди богатство од
доживувања за секој тип патник. Тука релаксацијата и авантурата одат рака под рака. Без разлика дали сакате мирни прошетки
покрај море, истражување на историски градови, активен одмор во природа или уживање во локалната гастрономија, Коста дел
Сол нуди совршен баланс меѓу култура, природа и уживање.

1 ден

09.04.2026 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАЛАГА

Состанок на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 06:30 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines. По пристигнувањето во Истанбул во 11:20 часот, следува конекција за Малага во 13:15 часот. Слетување во Малага во 16:50 часот. По пристигнувањето, следи трансфер до хотелот, сместување и превземање на собите. Остатокот од денот е предвиден за одмор, индивидуални прошетки и запознавање со околината на хотелот и медитеранската атмосфера на дестинацијата. Вечера во хотел. Ноќевање.
2 ден

10.04.2026 МАЛАГА

Појадок. Организиран разглед на Малага – најголемиот град на југот на Шпанија, познат како „Престолнина на Коста дел Сол“ и родното место на генијалниот уметник Пабло Пикасо. Ќе имате можност да го посетите музејот посветен на неговиот живот и уметност, кој се наоѓа во срцето на неговиот роден град. Следува прошетка низ живописниот стар дел на градот, со посета на Римскиот театар, прекрасната Катедрала – наречена и „Еднорака дама“ поради нејзината недовршена втора кула, како и уживање во атмосферата на тесните калдрмисани улички исполнети со шарм и историја. Сместена на брегот на Медитеранот, Малага нуди идеален спој на древни културни влијанија и современ градски пулс. Ќе ги видите и мавританската тврдина Гибралфаро, која се издига над градот, како и импресивната палата Алкасаба, некогашна резиденција на муслиманските владетели, која иако често засенета од славната Алхамбра, нуди свој уникатен шарм и погледи што одземаат здив. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање
3- 6 ден

11.04.2026 – 14.04.2026 ПРЕСТОЈ ВО МАЛАГА СО МОЖНОСТ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ

Појадок. Факултативна екскурзија: Толедо, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија, градот-музеј под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде имате прекрасна глетка кон градот. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид. Слободно попладне, вечер. Ноќевање.
4 ден

15.04.2026 МАЛАГА – СКОПЈЕ

По појадокот, следува трансфер до аеродромот во Малага. Лет за Истанбул во 11:55 часот со Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 17:25 часот и продолжување за Скопје во 18:55 часот. Пристигнување во Скопје во 19:25 часот по локално време.
  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Малага – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
    • Аеродромски такси, чекиран багаж (20кг) и рачен багаж (8кг).
    • 6 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера) во хотел со 4* во регионот на Малага (Торемолинос).
    • Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
    • Панорамски разглед на Малага со локален водич.
    • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Патничко здравствено осигурување.
    • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
    • Факултативни посети, излети и влезници (пријавување во агенција)
  • Факултативни Излети:
    Цените и условите за факултативните излети ќе бидат дополнително објавени ***
  • а реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени
    патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
    • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
    • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
    • Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во
    зависност од состојба на терен и други објективни причини.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските
    билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
    • Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку
    пријавени патници цената може да биде соодветно корегирана.
    • Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и
    пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
    • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните
    исправи се обврска на патниците.
    • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
    • За оваа програма важат Општите Услови на Патување на ТА АТЛАНТИК ШТИП.