ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 249 €
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..
04.12.2026 Скопје – Виена

05.12.2026 Виена

06.12.2026 Виена - Шенбрун – Дунавска кула

07.12.2026 DESIGNER OUTLET PARNDORF- БРАТИСЛАВА

08.12.2026 Скопје
- Сместување во хотел со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
- Професионален туристички придружник
- Превоз со високотуристички автобус
- Организација и реализација на програмата
- Разглед на Виена со локален водич – 20€
- Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
- Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
- Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 150€ (Разглед на Виена+ Посета на дворецот Шенбрун + Излет Братислава и Оutlet shoping center PARNDORF+ Дунавска Кула)
- Задолжително патничко осигурување –250 ден
- Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
- Доплата за избор на седиште во автобус – 20 евра
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на TA Aтлантик
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.





