Шпанија - Патување низ срцето на културата

од799

Шпанија - Патување низ срцето на културата

Departure Date

27 Apr - 05 May

Duration

7 дена 6 ноќевања

Views

1982

9 ДЕНА / 8 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

МАДРИД – Голем културен и историски центар на Шпанија, со живописни плоштади, паркови, музеи од светска класа и кралски палати.

ТОЛЕДО – Историски град познат како „град на три култури“ – христијанска, муслиманска и еврејска, со катедрали, тврдини и калдрмисани улички.

СЕВИЉА – Прекрасен град на југот на Шпанија, препознатлив по шарени плоштади, импресивни историски градби и медитеранска атмосфера.

ВАЛЕНСИЈА – Модерен град на источниот брег, каде се спојуваат историјата, уметноста и футуристичката архитектура.

САРАГОСА – Град со богато историско наследство, антички знаменитости и магија на старото градско јадро.

БАРСЕЛОНА – Главен град на Каталонија, на брегот на Средоземното Море, каде се спојува модерното со традиционалното, со богата архитектура, културен живот, плажи и забавни можности.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799€ – 49 538 мкд

8 ноќи + трансфер + разгледи

1 ден

27.04.2026 (понеделник)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30. Полетување во 16:50, пристигнување во Мадрид во 20:40. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден

28.04.2026 (вторник)

Појадок. Панорамски разглед на Мадрид: Plaza de Toros, парк El Retiro, авениите Gran Via и Castellana, плоштадите Plaza de España, Puerta del Sol, Plaza de Oriente, Plaza Mayor, Plaza Colón, плоштадот на Опера, Plaza de Ramales, улицата Calle Sacramento. Посета на Кралската палата и стадионот на Реал Мадрид, Santiago Bernabeu. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

29.04.2026 (среда)

Појадок. Поаѓање кон Толедо (околу 1 час). Разглед: катедралата, Alcazar, манастирот Juan de los Reyes, Puerta Bisagra, мостот Puente de San Martin, Mirador del Valle, Juderia и El Greco Museum. Потоа поаѓање кон Кордоба (околу 2 часа). Разглед: Alcazar и Mezquita, голема џамија претворена во катедрала. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден

30.04.2026 (четврток)

Појадок. Поаѓање кон Севилја (околу 2 часа). Разглед: Универзитетот, стара фабрика за тутун, Plaza de España, Златната кула, мостот Isabel II и катедралата. Поаѓање кон Малага (околу 2 часа). Разглед: историски улици, градини и булевари, катедралата La Manquita, тврдината Gibralfaro. Потоа продолжување кон Гранада (околу 2 часа), со кратки паузи. Разглед: Alhambra, Alcazaba и кралските градини Generalife. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден

01.05.2026 (петок)

Појадок. Поаѓање кон Аликанте (околу 3.5 часа). Разглед: замокот Santa Barbara, Esplanada de España, стариот град Casco Antiguo и градските плажи. Потоа поаѓање за Бенидорм. Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ден

02.05.2026 (сабота)

Појадок. Поаѓање за Валенсија. Разглед: плажата Platja de la Reina, Palacio de Congresos, планетариум и Музеј на науки. Попладне поаѓање за Сарагоса, пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
7 ден

03.05.2026 (недела)

Појадок. Панорамски разглед на Сарагоса: парк Macanaz, мостот Puente de Piedra, плоштадот Plaza del Pilar со Basílica de Nuestra Señora del Pilar и катедралата El Salvador. Посета на музејот на Франциско Гоја, булеварот Paseo de Fernando de Catolico и паркот Grande Jose Antonio Labordeta. Попладне поаѓање за Барселона. Сместување во хотел. Ноќевање.
8 ден

04.05.2026 (понеделник)

Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gracia со најпознатите брендови и архитектонски вили: Casa Mila, Casa Batllo, Casa Amatller, Casa Lleo Morera и плоштадот Plaça Catalunya. Разглед на готскиот кварт и Палата на каталонската музика. Посета на плоштадот Placita de la Seu и катедралата Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
9 ден

05.05.2026 (вторник)

Појадок. Посета на Park Guell и Sagrada Familia. Разглед: кулата Агбар, парк De La Ciutadella со дворецот Три Змеја, Каскада и Триумфална капија. Плоштад España и ридот Montjuic со Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност во Каталонија. Пристаништето со статуата на Колумбо, туристичката улица Las Ramblas, плоштадот Plaza Reial и марината Олимпик со кулите Hotel Arts и Mapfre. Посета на музејот и Камп Ноу, стадион на ФК Барселона. Попладне трансфер до аеродром. Лет Барселона – Скопје (21:35), пристигнување во 00:20.
  • Авио билет на релација Скопје – Мадрид – Барселона – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40x30x20 cm
  • 8 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Сè што не е наведено во програмата
  • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

*НАПОМЕНА: СТАДИОНОТ Е ПОД РЕКОНСТРУКЦИЈА

  • Важна напомена:
  • 1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
  1. Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • 3. Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
  • Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
  • За оваа програма важат Општите услови на ТА Атлантик Штип.