СТОКХОЛМ

од569

СТОКХОЛМ

Departure Date

01 May - 04 May

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

335

Цена за рана уплата до 20.12:    569 евра        (35.280 денари)

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:           629 евра        (39.000 денари)

 

1 ден

01.05 (Петок) СКОПЈЕ – СТОКХОЛМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03.45 часот. Авионот за Стокхолм полетува во 05.45 и слетува во 09.00 часот. Трансфер до хотелот да се остави багажот. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот... Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и потоа можност за вечерна прошетка. Ноќевање.
2 ден

02.05 (Сабота) СТОКХОЛМ

Појадок. Факултативно, посета на „зеленото срце на Стокхолм“ - островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи. Го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен - најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Посета на прочуениот музеј Vasamuseet, во кој се наоѓа воениот брод Васа, кој бил потонат на своето прво патување во 1628 година. Бродот бил изграден по наредба на големиот крал Вас и бил најмоќниот воен брод од таа ера. Потоа, заедничка посета на затворениот пазар Салухал, еден од најубавите палати изградени во готски стил во Шведска. Богатството од деликатеси, специјалитети од морска храна, штандови за колачи и разни деликатеси е многу привлечно! Кратка пауза за кафе или дегустација на различни видови храна. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден

03.05 (Недела) СТОКХОЛМ

Појадок. Факултативно, крстарење по живописното езеро Маларен и ручек на бродот. Стокхолм е „градот на вода, Венеција на север“, град изграден на 14 острови на езерото Маларен и Балтичкото Море. Посета на Дротнингхолм најдобро зачуваниот замок изграден во 17 век - декорот бил под влијание на неколку кралеви и кралици. Кралското семејство се преселило во 1981 година и денес кралскиот пар го користи како нивна постојана резиденција која се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција. Ноќевање.
4 ден

04.05 (Понеделник) СТОКХОЛМ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 09.35 часот. Пристигнување во 12.45 часот.