Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
Цена ранa уплатa до 20.12: 519 € / 32.180 мкд
За секоја резервација направена во период од 24.11 до 06.12
доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 579 € / 35.900 мкд
01 март (Недела) СКОПЈЕ - РИМ

02 март (Понеделник) РИМ

03 март (Вторник) РИМ - ТИВОЛИ

04 март (Среда) РИМ – Ватикан - СКОПЈЕ

- Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со ВизерАеродромски таксиКабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кгТрансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел 3* со локација на база 3 ноќевања со појадок
Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Туристичка такса 1240 мкд (се плаќа во агенција) Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 9.300 денари
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница 70 евра
задолжително пријавување и уплата во агенција
Посета на Тиволи со локален водич и влезница 70 евра
задолжително пријавување и уплата во агенција
Разглед на РИМ – 20 евра
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Дете од 2 до 12 год. плаќа 499 евра.За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.












