ПАРИЗ ЗА ВЕЛИГДЕН (авион)

од559

ПАРИЗ ЗА ВЕЛИГДЕН (авион)

Departure Date

11 Apr - 15 May

Duration

5 дена 4 ноќевања

Views

2946

Цена во претпродажба – 559€ (34.658мкд)- вклучен 1 разглед       

Цена на аранжманот: 609€ (37.758мкд) – Стандарден пакет – со вклучен 1 разглед  

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен…

1 ден

11. април (сабота) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Панорамски разглед)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:35 часот. Полетување за Париз во 09:35ч број на лет EJU 4910. Пристигнување во Париз на аеродромот “Orly” во 12:20 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

12. април (недела) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / Ајфелова Кула / Крстарење по Сена

Појадок. Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро.Ноќевање. Ноќевање.
3 ден

13. април (понеделник) ПАРИЗ (ЛУВР, Нотр Дам, Монмартр, Пигал...)

Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз. Вечерта можност за прошетка до квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Прошетката продолжува до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд... Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

14. април (вторник) ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД

Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.
5 ден

15. април (среда) ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Рано наутро одјавување. Трансферот до аеродромот “Orly” во 03:00ч. Лет за Скопје во 06:05ч број на лет EJU 4909. Пристигнување во Скопје во 08:45ч.
    • – Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Easy Jet)
      – Аеродромски такси
      – Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
      – Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
      – Сместување во хотел Hotel Ibis Paris 17 Clichy Batignolles 3*на база 4 ноќевања со појадок,
      – Организиран панорамски разглед на Париз локален водич
      – Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • – Туристичка такса за сместување 5,53€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.
    – Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
    – Kрстарење по Сена, билет (од 20-25€)
    – Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
    – Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (65€) *уплата при продажба
    – Превоз со метро
    – Патничко здравствено осигурување
    – Доплата за еднокреветна соба (120€)
    • – За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
      – За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
      – Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
      – Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот