КИПАР

од399

КИПАР

Departure Date

10 Apr

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

438

Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја  бил населен и освојуван од  Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци  и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.

Рана уплата до 20.12:          399€ (24.740,00 мкд)

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

Цена на аранжманот:           459€ (28.460,00 мкд)

 

1 ден

10 април СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2часа пред лет (14.20часот), полетување за Ларнака во 16.20часот. Слетувањето е во 19:30часот. Организиран трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.
2 ден

11 април НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативна посета на Никозија (8часа). Главниот град на Кипар, позната и како Лефкозија, е поделениот главен град на Кипар, со тесни улички, средновековни споменици, куќи со традиционална урбана архитектура и скриени бисери. Знаменитости како што се портите Фамагуста и Пафос, венецијанските ѕидини и Зелената линија, живиот плоштад Елефтерија и Споменикот на слободата, историското старо градско собрание на Никозија и не пропуштајте ја можноста да се фотографирате пред стаклената скулптура „Поет“, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
3 ден

12 април ЛИМАСОЛ и ПАФОС

Појадок. Предлагаме факултативна (8часа) посета и разглед Лимасол и Пафос. Вториот по големина град, Лимасол, уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови... На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, каде што англискиот крал Ричард се оженил со Беренгарија, каде и крунисана за кралица на Англија, пазарот и пристаништето со луксузни јахти... Пауза за ручек. Пафос - град на југозападниот брег на Кипар. Населена уште од неолитско време, има неколку локалитети кои се однесуваат на култот на божицата Афродита, чие митско родно место било Стариот Пафос (Куклија). Нов Пафос е модерниот град кој го вклучува пристаништето и античките урнатини, тврдини, театри и вили во археолошкиот парк Пафос. Во 1980 година, Пафос беше вклучен на листата на светско наследство на УНЕСКО поради неговата античка архитектура, мозаици и античко религиозно значење. Избрана е за европска престолнина на културата за 2017 година. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
4 ден

13 април ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок. Разглед на Ларнака (2часа): прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Трансфер до аеродром, полетување во 14:20часот, слетување во 15:45часот.
  • Авионски билет Скопје – Ларнака – Скопје со авиокомпанија Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Организиран разглед на Ларнака
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Трансфери аеродром  – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел Livadhiotis City Hotel 3* на база 3 ноќевање со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Доплата за чекиран багаж – дополнително информација на 7 дена пред патување
  • Туристичка такса 750 ден
  • Доплата за еднокреветна соба 7.200 денари
  • Патничко осигурување
  • Факултативни посети:
  • Посета на Никозија – 40 евра
    (вклучено: трансфер, лиценциран водичи, влезница за видиковецот)
  • Посета на Лимасол и Пафос – 60 евра
    (вклучено: трансфер,лиценциран водич, везница за Курион и Пафос мозаици)
  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • Детe до 2 години плаќа 4900 денари. Дето до 12 години со 2 возрасни лица плаќа 379евра.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од  20патници.
  • При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни.
  • Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 35 патници.
  • При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.