ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…
459 € – 28 460 ден
АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ + ТРАНСФЕР + РАЗГЛЕД
30.12.2025 (Вторник)

31.12.2025 (Среда)

01.01.2026 (Четврток)

02.01.2026 (Петок)

- Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
- Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања со појадок во хотел Grand Washington 4* во срцето на градот
- Организиран разглед – пешачка тура со стручен водич (разгледување од надвор)
- Организација и пратител на патувањето
- Посета на Ускудар, Кузгунџук и Чамлиџа – 50 €, со трансфер и водич
- Вечера на брод – 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
- Посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Пјер Лоти, Галата кула – 50 € со трансфер и водич
- Новогодишна гала вечера во хотелот – 100 € (вкучена храна, забава и пијалаци, пријавување при резервација)
- Патничко и здравствено осигурување
- Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 ден)
- За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност од мин.6 месеци
- Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 15 дена пред тргнување
- Краен рок за пријавување 15.12.2025. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 15 патници
- За патувањето важат општите услови на ТА АТЛАНТИК




















