Нова Година во Белград

од165

Нова Година во Белград

Departure Date

31 Dec - 31 Dec

Duration

3 дена 2 ноќевања

Views

786
 

ПРОМО Цена на аранжманот165 еур (10.230 денари)

1 ден

31.12.2025 (Среда ) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09 часот. Следи организиран разглед со локален водич, со посета на: Црква „Св. Сава“(влезница не е вклучена), Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, панорамски разглед на стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Враќање во попладневните часови во хотел. Вечерта, организиран трансфер од хотел до центар на Белград и повратно, за дочек на Нова 2026 Година, по Ваша желба може да прославите на плоштад или посетите некој од бројните ресторани низ скадарлија како и познатите дискотеки. Индивидуално.Организирано враќање со автобус од центарот по полноќ. Ноќевање.
2 ден

01.01.2026 (Четврток ) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД

Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор.Ноќевање.
3 ден

02.01.2026 (Четврток ) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Скопје. Во 15 часот заминување за Македонија.Пристигнување во вечерните часови.