СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО

од125

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО

Departure Date

31 Dec - 02 Jan

Views

297

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ВОДЕН

КАТЕРИНИ-ЛИТОХОРО-МАНАСТИР СВ ДИОНИСИЈ

-НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ-

ЦЕНА: 125 евра ( 7.750 денари )

1 ден

31.12.2025

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун во предпладневните часови, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула...Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski ( можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Новата 2026 година. Ноќевање.
2 ден

01.01.2026

Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини - живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера. Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија.. Ноќевање.
3 ден

02.01.2026

Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода. Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.