САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА (авион)

од1,290

САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА (авион)

Departure Date

10 Apr - 17 Apr

Duration

8 дена,7 ноќевања

Views

193

ЦАРСКА РУСИЈА
Моќна, мистична и бескрајна
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските
палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на
оваа огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните
храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.
Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и Санкт Петербург – со својата елеганција,
романтика и уметничка душа, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата.
Патување што се памети цел живот.

10.04.2026 – 17.04.2026 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје

Авионски лет: Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Москва | Ст Петербург – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 10.04.2026 во 06:45ч. (Скопје)
Пристигнување: 10.04.2026 во 17:55ч (Москва)
Сместување: 3BB во хотел со 4* во Москва | 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург
Услуга: 7 ноќевања со појадок
Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 17.04.2026 во 19:30ч.

Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.395 € / 86.490 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.12.2025 1.290 € / 79.980 мкд
Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.

1 ден:

10.04.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА

Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и продолжување кон Москва со лет TK415 во 14:00 часот. Слетување на аеродромот во Москва во 17:55 часот по локално време. По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување. Првата вечер во руската престолнина ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја и модерниот дух. Ноќевање
2 ден

11.04.2026 МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро

Појадок во хотелот. Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската држава и култура. Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени, познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата. Слободното попладне е можност за дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот Бородинската битка, посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата – огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро, вистински подземен музеј украсен со мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање.
3 ден:

12.04.2026 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)

Појадок. За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на рускиот патријарх а денес претставува еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната по својата величествена архитектура и мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински завршеток на денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед на величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта. Ноќевање
4 ден:

13.04.2026 МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од историскиот центар на Москва - срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички комплекс. Прошетка низ неговите катедрали, дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното, Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето - вистинска ризница на богатства во московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска Русија – круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела. Попладне – трансфер до станицата и патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во 17:00 часот, пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на Петар Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден:

14.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф)

Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа. Панорамско разгледување на градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“. Факултативно: посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем број на руски цареви и императори почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро на градот се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург како и прочуените зандани. Слободно време за прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање.
6 ден:

15.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина. Факултативна посета на Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. Ќе имате можност да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и уметничката префинетост на руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција на Петар Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон познатата фонтана со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на Финскиот залив од каде се шири поглед кон Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање
7 ден:

16.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и инспирација со организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и најбогати музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот. Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна ризница на безвременски дела од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон фасадите, куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање
8 ден:

17.04.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време.Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 12:30 часот (TK414). Слетување во Истанбул во 16.35 часот. Лет за Скопје во 18:55 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:30 часот.