Цена на аранжманот во претпродажба: 379 € / 23.498мкд
Редовна цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд
Според Франц Кафка, оној кој ја задржува способноста да ја препознава убавината никогаш нема да остари. Прага, еден од најубавите градови во светот, зазема посебно место во срцето на Кафка. Ќе бидете импресионирани од нејзината богата историја и неконвенционалниот начин на живот на „боемските“ жители на градот. Прага е илјадагодишен центар на Бохемија, а терминот „боемци“ се користи низ вековите за да се опишат луѓе со креативен и неконвенционален начин на живот. Прага упатува покана до сите кои го ценат нејзиниот “genius loci” и уникатниот начин на живот на луѓето од Прага да ги истражат нејзините улици… Во средниот век, Прага била главен град на Боемското кралство на Карло IV, а Прашкиот замок бил седиште на империјата. Оттогаш, градот игра клучна улога во регионот. Епската историја на Прага создала град полн со убавина, со прекрасни згради од готската, ренесансната и барокната ера и со величествени плоштади. Во модерното време, туризмот во Прага помогнал во нејзината регенерација, трансформирајќи ги сивите, запуштени згради во фини ресторани, стилски хотели и живи барови; доблесен круг, кој охрабрува сè поголем број туристи да го посетат градот.
19. март (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА

20. март (петок) ПРАГА (панорамски разглед)

21. март (сабота) КАРЛОВИ ВАРИ

22. март (недела) ПРАГА - СКОПЈЕ

– Авионски превоз со Austrian Airlines на релација: Скопје – Прага – Скопје (со едно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см до 3кг
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
– Аеродромски такси
– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Ilf ***, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
– Организација и реализација, придружник на патувањето
– Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)
– Доплата за 1/1 соба 60€
– Факултативни излети и посети:
* Карлови Вари 65€ (уплата и резервација во агенција)
* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Атлантик.












