EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 28.02.2026
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 995 € / 61.690 мкд

ПРОЛЕТНА ШПАНСКА МАГИЈА ВО КОСТА ДЕЛ СОЛ
Сонце, медитернаски ритам и андалузиска душа
Добредојдовте на најпознатата шпанска прибрежна дестинација – Коста дел Сол, бисерот на јужна Андалузија. Овој регион е
синоним за сончево време, долги песочни плажи и опуштен медитерански начин на живот. Од живописната Малага, културното
срце на регионот, до гламурозната Марбеља и малите шармантни андалузиски градчиња, Коста дел Сол нуди богатство од
доживувања за секој тип патник. Тука релаксацијата и авантурата одат рака под рака. Без разлика дали сакате мирни прошетки
покрај море, истражување на историски градови, активен одмор во природа или уживање во локалната гастрономија, Коста дел
Сол нуди совршен баланс меѓу култура, природа и уживање.
09.04.2026 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАЛАГА

10.04.2026 МАЛАГА

11.04.2026 – 14.04.2026 ПРЕСТОЈ ВО МАЛАГА СО МОЖНОСТ ЗА ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ И ПОСЕТИ

15.04.2026 МАЛАГА – СКОПЈЕ

- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Малага – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж (20кг) и рачен багаж (8кг).
• 6 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера) во хотел со 4* во регионот на Малага (Торемолинос).
• Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
• Панорамски разглед на Малага со локален водич.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
• Факултативни посети, излети и влезници (пријавување во агенција) - Факултативни Излети:
Цените и условите за факултативните излети ќе бидат дополнително објавени ***
- а реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени
патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во
зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските
билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку
пријавени патници цената може да биде соодветно корегирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и
пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните
исправи се обврска на патниците.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
• За оваа програма важат Општите Услови на Патување на ТА АТЛАНТИК ШТИП.















