МАДРИД и ТОЛЕДО - 24 Мај (авион)

од539

МАДРИД и ТОЛЕДО - 24 Мај (авион)

Departure Date

22 May - 25 May

Duration

4 дена, 3 ноќевања

Views

378

Цена на аранжманот: 589€ (36.518 мкд) со вклучен панорамски разглед на градот со локален водич
Во претпродажба за ограничен број на места: 539 (33.418мкд)

Откријте ја магијата на Шпанија: Мадрид и Толедо! Мадрид, динамичната престолнина, ќе ве воодушеви со своите светски познати музеи, живописни плоштади и вкусна кујна. Само еден час од Мадрид се наоѓа Толедо, градот на трите култури. Овој историски бисер ќе ве врати во минатото со своите средновековни улички, импресивни катедрали и тврдини што го раскажуваат богатото културно наследство на Шпанија.

1 ден

22 мај (петок) СКОПЈЕ – МАДРИД

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Лет за Мадрид W6 4815 во 16:50ч. Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. Трансфер до хотелот. Превземање на собите и сместување. Ноќевање.
2 ден

23 мај (сабота) МАДРИД (панорамски разглед)

Појадок. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич: Мадрид е основан од Арапите во 9 век за да служи како одбрана за тогашниот главен град на Шпанија - моќниот Толедо. Два века подоцна, бил освоен од христијаните, а во 1561 година, поради одличната положба, кралот Филип II го направил свој главен град. Денес, Мадрид е космополитски главен град на традицијата и забавата. Град на уметнички галерии и музеи исполнети со богатства од шпанската историја: Прадо, најважниот музеј во Шпанија; Реина Софија, уметнички музеј од 20 век, во кој, меѓу другото, се наоѓа и познатата „Герника“ на Пикасо; Музејот Тисен-Борнемица, кој ја претставува историјата на западната уметност, од италијанската и фламанската до експресионизмот и поп-артот. Шпанскиот плоштад, со масивен обелиск посветен на писателот Сервантес и ликовите од неговиот познат роман „Дон Кихот“. Гран Виа, главната сообраќајна артерија на модерен Мадрид, фантастичен пример за архитектурата од 20-тите и 30-тите години на минатиот век во кој можете да го видите хронолошкиот развој на градот до модерните солитери. Оваа улица е и моден центар со бројни мега-продавници. Египетскиот храм Дебод од 2 век п.н.е. кој државата Египет ѝ го подарила на Шпанија како знак на благодарност за помошта во спасувањето на други споменици. Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа. Пуерта дел Сол или Порта на Сонцето, плоштад на кој доминира големата статуа на исправена мечка потпрена на дрво, што е заштитен знак и симбол на градот. Пуерта де Алкала или Триумфална порта, катедралата Алмудена... Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден

24 мај (недела) МАДРИД - ТОЛЕДО

Појадок. Можност за факултативна екскурзија до Толедо (околу 70 км), градот на музеите, некогашен главен град на Шпанија, кој е под заштита на УНЕСКО. Велат дека во Шпанија има позначајни и поубави места, но ниту едно не е поромантично и поживописно од Толедо. Со цел да се овековечи бајковитиот поглед на овој град во кој доминира стилот познат во Шпанија како „платареск“, комбинација од готика и ренесанса карактеризирана со разиграни декорации на столбовите и фризовите на зградите. Панорамски разглед на: Катедралата - некогашно седиште на католичките кралеви, манастирот Сан Хуан де лос Рејес од крајот на 15 век кога поголемиот дел од еврејското население било протерано од Толедо; потоа имало 11 активни синагоги, денес преостанатите две се претворени во музеи, Синагогата дел Транзито и Санта Марија ла Бланка попозната како „белата“ синагога, црквата Св. Тома во која се наоѓа ремек-делото на Ел Греко - „Погребувањето на грофот од Оргас“. Враќање во Мадрид. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден

25 мај (понеделник) МАДРИД - СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Мадрид. Ви препорачуваме да го посетите музејот Прадо кој е еден од најбогатите музеи во светот, со најдобрата колекција на дела од познати шпански уметници: Ел Греко, Гоја, Веласкез... Прошетка по најпопуларната улица во Мадрид - Гран Виа. Улицата е полна со клубови, ресторани, продавници за облека, театри и кина. Гран Виа се смета за Бродвеј на Шпанија. Можност за посета на кралската палата со својата импресивна и елегантна архитектура; со години е резиденција на кралското семејство. Паласио де Ориенте, со други зборови е чувана од кралската гарда и денес се користи за државни церемонии и приеми... Трансфер до аеродромот во Мадрид во 18:00ч. Лет за Скопје W6 4816 во 21:25ч. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот наредниот ден 26.05.2026 рано наутро.