МАДРИД и ВАЛЕНСИЈА

од799

МАДРИД и ВАЛЕНСИЈА

Departure Date

22 May - 26 May

Duration

5 дена 4 ноќевања

Views

267

Цена за рана уплата до 20.12   799 евра (49.540 денари)

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

Цена на аранжманот                  859 евра ( 53.260 денари)

 

Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“, Валенсија нуди нешто

за секого. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!

1 ден

22.05 Петок СКОПЈЕ - МАДРИД

Состанок на групата на аеродрмот во Скопје 14.00 часот. Полетување за Мадрид во 16.05 часот и пристигнување во 20.00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

23.05 Сабота МАДРИД

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич на централното јадро на Мадрид и неговите главни знаменитости. Центар на Мадрид најчесто се смета за областа околу Пуерта дел Сол, Пласа Мајор, Кралската палата и Гран Виа. Тоа е најживиот дел од градот – мешавина од историја, култура, архитектура и модерни урбани содржини. Пуерта дел Сол, тука се наоѓа „Километарот 0“, позната по статуата на мечката и дрвото. Плаза Мајор, голем историски плоштад опкружен со аркади, некогаш место за пазари и фестивали, а денес полн со кафулиња и уметнички штандови, ви препорачуваме тука да испиете едно кафе и да пробате „чурос“ со чоколадо. Кралска палата е најголемата кралска палата во Западна Европа, со импресивни дворови, градини и раскошни сали, вклучена влезница со локалниот водич. Гран Виа, главната авенија или ште позната како мадридски „Бродвеј“, богата со театри, музички претстави, шопинг, историски згради. Триаголникот на уметноста, областа со најважните музеи: Прадо со класична европска уметност, Реина Софија сo модерна уметност, Тисен-Борнемиса со уметност од средновековие до модерна. Парк Ретиро, големиот градски парк со езеро, стаклена палата и многу уметнички активности, одлично место за прошетка и одмор. Слободно попладне. Препорачуваме да се посетат, Катедралата Алмудена, мешавина од неокласична и неоготска архитектура со одличен поглед од покривот, Чквартовите Чуека и Маласања, модерни, артистички квартови во центарот, познати по барови, ресторанчиња каде можете да направите пауза за ручек и да пробате тапаси, паела или мадридска кујна. Во вечерните часови препорачуваме да се посети Темпло де Дебод, египетскиот храм сместен во парк и едно од најубавите места за зајдисонце во Мадрид. Ноќевање.
3 ден

24.05 Недела МАДРИД

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... За љубителите на фудбалот препорачуваме да се посети и стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.
4 ден

25.05 Понеделник МАДРИД – ТОЛЕДО - ВАЛЕНСИЈА

Појадок. Патување за Валенсија со посета на Толедо, разглед на главните знаменитости во Толедо , градот-музеј познат како „Град на трите култури“ (христијани, муслимани и Евреи) и е под заштита на УНЕСКО. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо, најубавата точка од која целиот Толедо изгледа како разгледница. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Мост Алкантара, импресивен средновековен мост, историскиот влез во Толедо, место за одлични фотографии. Катедрала Примада (Catedral de Santa María de Toledo), вклучена влезница со водич, една од најимпресивните готски катедрали во Европа, а внатре се делата на Ел Греко, Гоја и Ван Дајк, раскошна сакристрија. Препорачуваме индивидуално да се посети црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Слободно време за ручек. Поаѓање за Валенскија (во 14.00 часот) Сместување во хотел. Слободно вечер за запознавање на Валенсија. Ноќевање.
5 ден

26.05 Вторник ВАЛЕНСИЈА – Тирана – Скопје

Појадок. Разглед на Валенсија, град на море, богат со уметност, модерна архитектура и древно старо градско јадро. Совршен град за прошетки, храна и фотографии, а најважните обележја се стариот град, паркот Туриа, Град на науката и уметноста и плажата. Градот на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias), најпознатата зона во Валенсија, со модерна архитектура од Сантјаго Калатрава, тука се Oceanogràfic (најголемиот аквариум во Европа), Hemisfèric, Музејот на науката. Историскиот центар (Ciutat Vella), ја чинат Катедрала за која се тврди дека го чува „Светиот Грал и кулата El Miguelete за прекрасен поглед. Plaza de la Virge, еден од најубавите плоштади во градот. La Lonja de la Seda (Силк Екченџ), готската зграда со огромна сала која е симбол на трговијата на Валенсија и под заштита на UNESCO. Mercado Central, голема модернистичка пазарна хала, идеалноместо за дегустација на свежи производи. Парк Туриа (Jardín del Turia), голем парк, совршен е за пешачење. Плажите на Валенсија (La Malvarrosa, Las Arenas) кои се широки, чисти и одлични за уживање или вечера покрај море. Марина Реал и пристаништето, шеталиште со ресторани, модерни згради и јахти. Слободно попладне. Трансфер од хотел (19.00 часот) до аеродром. Полетување за Тирана во 21.40часот и пристигнување во 00:20часот. Организиран Трансфер до Скопје, пристигнување во раните утрински часови.