Венеција, Верона и Римини (авион)

од419

Венеција, Верона и Римини (авион)

Departure Date

29 Mar - 01 Apr

Duration

4 дена 3 ноќевања

Views

448

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 419 € / 25.980 ден

ВЕНЕЦИЈА – Венеција е уникатен и романтичен град изграден врз повеќе од 100 островчиња поврзани со мостови и канали. Тука се наоѓаат величествениот плоштад Свети Марко, базиликата Свети Марко и Дуждевата палата – сведоштва за богатата историја на моќната венецијанска република. Прошетајте по мостот Риалто, уживајте во возење со гондола по Големиот Канал и запознајте го градот на маски, уметност и незаборавна атмосфера.

ВЕРОНА – Верона е еден од најубавите градови во северна Италија, познат по романтичната приказна за Ромео и Јулија. Стариот дел на градот изобилува со античка и ренесансна архитектура, меѓу кои најпозната е Арената во Верона – импресивен римски амфитеатар што и денес се користи за концерти и опери. Прошетајте до Куќата на Јулија, погледнете го познатиот балкон, уживајте на плоштадот Piazza delle Erbe и откријте ја топлината и шармот на овој романтичен град.

РИМИНИ – познато крајбрежно одморалиште на Јадранското Море, омилено по своите долги песочни плажи и живописна атмосфера. Градот има богата историја уште од римско време – тука се наоѓаат Арката на Август, Мостот на Тибериј и живописниот плоштад Cavour. Денес Римини нуди одличен спој на море, забава, гастрономија и култура, што го прави идеална дестинација за опуштање и истражување.

1 ден

29.03.2026 (недела)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:00 часот. Полетување за Венеција во 10:25 часот, слетување во 12:10 часот. Поаѓање до Верона со автобус (околу 2 часа). Разглед на главните атракции во Верона: куќата на Јулија, Арената, Piazza Erbe, Arche Scalifere, Via Mazzini, Lamberi кулата. Трансфер до хотел во околината на Венеција. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

30.03.2026 (понеделник)

Појадок. Организиран разглед на градот – мостот Риалто, Дуждевата палата, базиликата и плоштадот Сан Марко. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

31.03.2026 (вторник)

Појадок. Организирано поаѓање кон Сан Марино. Разглед во Сан Марино – замокот и тесните улички на Сан Марино. Поаѓање кон Римини. Разглед на познатите споменици во Римини – мостот Тибериј, Arco di Augusto – најстариот римски триумфален лак, Tre Martiri Square, Piazza Cavour, и стариот пазар. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден

01.04.2026 (среда)

Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот Treviso во Венеција. Полетување во 15:55 часот, пристигнување во Скопје во 17:35 часот.