Велигден во Скандинавските престолнини (авион)

од689

Велигден во Скандинавските престолнини (авион)

Departure Date

10 Apr - 14 Apr

Duration

5 дена 4 ноќевања

Views

924

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 689 евра (42.718 денари)

КОПЕНХАГЕН – Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по квалитет на живот.

ГЕТЕБОРГ – Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати по својот пријателски и духовит карактер.

ОСЛО – Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура, природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.

СТОКХОЛМ – Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни улички стојат веднаш до современи стаклени згради.

1 ден

10.04.2026 (петок)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:45 часот. Полетување за Стокхолм во 05:45 часот, слетување во 09:00 часот. Организиран панорамски разглед на Стокхолм: кралската резиденција Drottningholm Palace и градините; градското Собрание, каде што секоја година се доделува Нобеловата награда; Стариот град и централниот остров Gamla Stan каде што е старата кралска палата; главниот плоштад Stortoget во старото градско јадро, каде што се наоѓаат Шведската Академија и Нобеловиот музеј. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден

11.04.2026 (сабoта)

Појадок. Факултативно, крстарење под мостовите на Стокхолм. Факултативно, патување со брод до островите на Архипелагот во Стокхолм. Поаѓање за Оребро (околу 4 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

12.04.2026 (недела)

Појадок. Организиран краток разглед на градот - Stortorget – главниот плоштад, Оребро замок, кратка прошетка низ стариот град. Поаѓање за Осло (околу 3 часа). Организиран разглед на Осло: Aksershus замок, Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека и панорама. Сместување во хотел во Осло. Ноќевање.
4 ден

13.04.2026 (понеделник)

Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт „Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар во Скандинавија. Поаѓање за Хелсинборг. Сместување во хотел во Хелсинборг. Ноќевање.
5 ден

14.04.2026 (вторник)

Појадок. Патувањето продолжува со фери брод до Хелсингор каде што ќе има околу 1 час да се разгледа замокот од Шекспировата драма Хамлет. Поаѓање за Копенхаген (околу 1 час). Организиран разглед на градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот, како и Rundetaarn (Округлата кула) - стара опсерваторија; Rådhuspladsen - градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace – актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена – позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен; Nyhavn – пристаниште со шармантни кафулиња и шарени згради, посета на Carlsberg фабриката. Поаѓање за Малме преку Oresund мостот. Посета на стариот дел од Малме. Трансфер до аеродром, Директен лет Малме – Скопје во 21:20. Пристигнување во Скопје во 23:55.

• Авионска карта Скопје – Малме – Стокхолм – Скопје со Wizz Air
• Аеродромски такси
• Бесплатен багаж 40x30x20 cm (едно парче)
• 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
• Локален водич во Стокхолм на одредени места од програмата
• Туристичка такса

• Сè што не е наведено во програмата
• Влезница за во објектите и културно-историски споменици
• Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

– Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
– За резервација задолжителна уплата од 100%
– Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
– Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
– Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
– Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Атлантик

Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
 Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
 Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
 Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во
горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
 За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Атлантик